Сликање со гол задник, луди предизвици - Бизарни онлајн трендови
Секој што ги истражувал длабочините на интернетот ќе ви каже дека тоа е навистина чуден свет. Од фетиши за кои не сте ни знаеле дека постојат, до веб-сајтови одржувани само од ботови, во онлајн светот нема недостаток од бизарни нешта.
Но, нештата стануваат уште почудни кога повеќе луѓе прифаќаат една бизарна идеја и ја прават тренд.
Па, погледнете некои од најбизарните онлајн трендови што се појавија изминативе неколку години:
Фотографија со гол задник пред убав пејсаж
Можеби на никој нема да му се допадне вашата фотографија со гол задник, но кога во неа ќе вметнете и неверојатен пејсаж, нештата се менуваат.
Корисниците на Инстаграм без проблем го фотографираат нивниот задник на егзотични и убави места. Трендот веќе замре, но сè уште можете да најдете по некоја фотографија.
Целта на овој тренд најверојатно има нешто со прифаќање на своето тело. Но, поголема е веројатноста дека луѓето се фотографираат бидејќи и другите го прават тоа.
Предизвик со врела вода
Кога луѓето почнаа да мислат дека е добра идеја да го прослават трендот со врела вода, многумина беа загрижени. Одеднаш сите почнаа да истураат врела вода врз себе или врз другите, или пак ја пиеја со сламка, а потоа ги објавуваа „доказите“ на YouTube.
Сосема очекувано, голем број луѓе завршија со изгореници.
Предизвик со сол и мраз
За овој предизвик Интернет корисниците ставаат сол и мраз на некој дел од нивното тело. Иако овој тренд се прослави неодамна, можете да најдете вакви видеа уште од 2012-та година. Но пред извесен период, оваа популарност почна да предизвикува грижа кај родителите.
Можеби комбинацијата сол и мраз на прв поглед не изгледа опасно, но кога овие состојки се комбинираат, тие создаваат опасна хемиска реакција која предизвикува изгореници и повреди.
Нокти со крзно
Иако не се знае кој го започна овој тренд, факт е дека го видоа сите ширум целиот свет. За овој тренд треба да закачувате влакна од крзно на вашите нокти, без разлика што не изгледа воопшто привлечно.
Трендот повеќе не е популарен, но сигурно ве тера да се запрашате како го прифатиле толку многу луѓе.
„Шмркање“ кондоми
Сите ја знаеме намената на кондомите – заштита од бременост и сексуално преносливи болести. Но, според луѓето низ светот, можете да ги користите и за други нешта. Постојат безброј безопасни трендови со кондоми, но последниот отиде предалеку.
Целта на овој бизарен тренд да го шмркате кондомот со носот и да ви излезе од устата. Веројатно и вам не ви е јасно зошто некој би го правел ова, кога е добро познато дека кондомите се направени за да издржат и не се распаѓаат.
Покрај опасностите од гушење, можат да се појават и бактериски инфекции во носната празнина. Но, ова не спречи илјадници луѓе да се снимаат за овој предизвик.