Што е пансексуалност и како се разликува од бисексуалноста?

Пред 20-тина години, квир заедницата почна да се нарекува себеси ЛГБТ заедница, а денес овој акроним има целосно нов облик – LGBTQQIAAP2+. Бројот на лични идентитети постојано се зголемува, па понекогаш е тешко да бидете во тек, но овој пат ќе се задржиме само на (латинската) буква P која го означува зборот пансексуалност (pansexuality).

shto-e-panseksualnost-i-kako-se-razlikuva-od-biseksualnosta-01.jpg

Пансексуалноста може да се разликува од бисексуалноста, но и двата идентитети укажуваат на слична привлечност. Можеби звучи збунувачки, но токму поради ова е создаден овој термин.

Дури и луѓето во ЛГБТ заедницата различно го користат терминот бисексуалност, па за да се избегнат недоразбирањата, додаден е терминот пансексуалност.

Воглавно, пансексуалноста значи дека личноста чувствува привлечност кон сите родови. Префиксот „пан“ потекнува од грчкиот збор што означува сè или цело. Со други зборови, пансексуална личност е онаа која е привлекувана од сите останати родови, дури и оние кои не се идентификуваат со ниту еден род.

Од друга страна, префиксот „би“ од бисексуалност означува две. Поради ова, мнозинството веруваат дека бисексуалната личност ја привлекуваат два рода – машки и женски. Но, изгледа дека и ова верување е погрешно.

Едноставно кажано, бисексуалноста означува дека ве привлекуваат два или повеќе родови, но не сите, додека пансексуалноста значи дека ве привлекуваат сите родови што постојат.

shto-e-panseksualnost-i-kako-se-razlikuva-od-biseksualnosta-02.jpg

Некои пансексуалци гледаат родови, а некои не

Ова е уште еден факт што ја прави пансексуалноста збунувачка. Можете да сретнете пансексуалци кои ќе ви кажат дека не веруваат во постоењето на родови и кои сметаат дека тоа е само општествена конструкција.

Овие луѓе ги гледаат сите како човечки битија, но само со различни делови од телото. За нив, деловите од телото или начинот на којшто некој го искажува својот род не се привлечни.

Од друга страна, постојат пансексуалци кои ги гледаат и „признаваат“ родовите. Некои сакаат мажествени мажи, некои женствени жени, а на некои им се допаѓаат андрогени личности. Овие луѓе се привлекувани од сите родови и се отворени за врска со секого.

Помладите генерации го преферираат терминот пансексуалност

Бидејќи сè повеќе и повеќе познати личности ја прифаќаат оваа сексуална определеност, помладите генерации почесто се идентификуваат како пансексуалци наместо како бисексуалци.

shto-e-panseksualnost-i-kako-se-razlikuva-od-biseksualnosta-03.jpg

Пансексуалците не се попромискуитетни и не се посклони кон изневерување

Само затоа што овие личности можат да чувствуваат привлечност кон секого, не значи дека би заминале во кревет со секој што ќе го сретнат. И тие имаат стандарди и знаат што сакаат кај партнерот.

Но, сепак, бисексуалците и пансексуалците најчесто ја избегнуваат моногамијата. Иако не постојат точни статистички податоци, бидејќи истражувањата ги ставаат бисексуалците и пансексуалците во иста категорија, според некои наоди, овие луѓе поретко ја одбираат моногамијата за разлика од хетеросексуалците.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg