Уживајте во топли пијалаци
Во зима мораме дополнително да го грееме организмот, а за тоа се идеални топли зимски напивки. Ова се две кои се подготвуваат мошне...
...едноставно, а имаат посебен вкус. Одберете што ќе си подготвите да ве затопли во студените зимски денови.
Банана пунч
Потребни состојки:
- 150 ml сок од банана
- 2 лажици кафеав шеќер
- ¼ лажица цимет
- ½ портокал
- 40 ml рум
- парченца банана
Подготовка:
Сокот од банана сварете го заедно со шеќерот и циметот. Тргнете го од огнот и оставете да стои неколку минути. Истиснете го портокалот и измешајте го со стоплениот сок од банана. По желба прелијте со рум и послужете го со парчиња свежа банана.
Зимско кафе
Потребни состојки:
- 50 g чоколадо за готвење
- 300 ml млеко
- 1 лажичка кафеав шеќер
- ½ лажица цимет
- 1 лажица кафе
- 200 ml слатка павлака или шлаг
Подготовка:
Млекото ставете го да се стопли и тргнете го од огнот. Додајте чоколадо за готвење, шеќет и цимет, а садот вратете го назад на огнот и варете 5 до 10 минути со постојано мешање. Потоа додајте го кафето и се заедно гответе уште 1 минута. Додадете го направениот шлаг или слатката павлака, полека мешајте и добиената смеса служете ја додека е топла.