6 знаци што покажуваат дека базенот не е безбеден за бањање

Пливањето е одличен начин да се разладите, а истовремено и да вежбате. Но, нe ѝ дозволувајте на сината вода да ви пречи во расудувањето. 

7-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-bazenot-ne-e-bezbeden-za-kapenje-01.jpg

Не сите базени се исти, а понекогаш, доколку не внимавате, може да си предизвикате вистински проблем.

Пред да се одлучите да влезете во базен, обрнете внимание на следниве предупредувачки знаци:

Никој не ја тестира водата

Базените бараат многу грижа, а менаџерите секогаш имаат работа. Следењето на хемикалиите во водата е клучно за нејзиното одржување. Хемијата на базенот треба да се тестира барем двапати дневно.

Доколку забележите дека никој не го проверува базенот во текот на денот, можеби најдобро е да не влегувате. Доколку не се следи количеството на хлор, базенот може да биде совршена околина за многу бактерии кои можат да предизвикаат и повраќање.

7-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-bazenot-ne-e-bezbeden-za-kapenje-02.jpg

Водата е замаглена или валкана

Ако водата на базенот не е кристално чиста, не ни помислувајте да влезете. Ова не само што е знак за лоша хигиена, туку и недостатокот од прегледност е ризик. Доколку не можете да видите каде се движите, лесно можете да се повредите.

Во водата има алги

Зелено-сините алги можат да произведат токсични бактерии и најчесто растат во базени со лоша хигиена. Доколку забележите зелени парчиња на површината од водата, немојте да влегувате во базенот. 

Има неколку бебиња во истиот базен

Можеби бебињата изгледаат слатко во базен, но тие не можат да го контролираат нивниот мочен меур и празнењето на цревата. Остатоците од фекални материи можат да соберат многу паразити.

Протекувањето од пелената, кое тешко се спречува во вода, лесно може да го загади целиот базен. Доколку проголтате нешто од микробите, може да ве очекува дијареа и повраќање.

7-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-bazenot-ne-e-bezbeden-za-kapenje-03.jpg

Во базенот има многу луѓе

Секое ново тело во базенот носи и нови микроби, вируси и бактерии. Колку повеќе пливачи има во базенот, толку помалку е безбеден. Доколку базенот ви изгледа пренатрупан, најдобро е да не влегувате.

Нема безбедносни огради и спасувачи околу базенот

Околу базенот треба да има ограда на која децата не би можеле да се качат. Исто така, децата не би требало да се движат околу базенот без надзор од возрасен. Некои базени, покрај чуварите, имаат и надгледувачи чија задача е да го намалат ризикот од давење, па доколку сте со деца, подобро прескокнете го базенот ако нема ниту спасувач ниту ограда.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg