16 одлични трикови што ќе ви помогнат кога ви е претопло за спиење

Летните горештини можат да имаат навистина лошо влијание врз сонот, особено ако немате клима уред.

16-odlichni-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-koga-vi-e-pretoplo-za-spienje-01.jpg

За подобро да спиете во текот на летните ноќи, дознајте што треба да направите пред да си легнете и како да ја припремите спалната соба.

Припрема за спиење

1. Немојте да вежбате неколку часа пред да одите на спиење. Температурата на телото се покачува за време на вежбање, па избегнувајте го за да можете да се разладите.

2. Избегнувајте зачинети и обилни оброци бидејќи поради нив ќе ви биде уште потопло. Направете лесна вечера, и тоа 2 до 3 часа пред спиење.

3. Избегнувајте да пиете студена вода бидејќи го забавува метаболизмот. Исто така, студената вода ги стеснува крвните садови, ја намалува хидратацијата, како и способноста на телото да се излади. Наместо тоа, пијте вода на собна температура.

16-odlichni-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-koga-vi-e-pretoplo-za-spienje-02.jpg

4. Немојте да се туширате со ладна вода бидејќи тоа може да има спротивен резултат. Наместо тоа, туширајте се со млака вода. Доколку не планирате да се туширате пред спиење а сакате да се разладите, доволно е да ги потопите само рацете и нозете.

5. Доколку сакате добро да се наспиете, преместете го креветот на друго место. Во текот на летото, добро е да спиете и на подот. Доколку живеете во куќа со повеќе катови, преместете се на најнискиот.

6. Спијте на памучна постелнина и со лесни прекривачи. Тргнете ги јорганите што ја задржуваат топлината.

7. Ставете ги перницата, постелнината и прекривачите во замрзнувач 30 минути пред да си легнете. На овој начин ќе бидат ладни доволно колку да заспиете. Избегнувајте да ја влажните постелнината или да спиете во мокра облека бидејќи со тоа само ќе ја задржите густата влага во просторијата.

8. Еден час пред спиење отворете ги прозорците во спалната соба за да го прочистите воздухот и да ја изладете.

16-odlichni-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-koga-vi-e-pretoplo-za-spienje-03.jpg

9. Иако можеби сакате да спиете голи, тоа не најдобрата идеја. Можно е да ви биде уште потопло бидејќи влагата не може да испари помеѓу телото и површината за спиење. Најдобро е да спиете со памучни пиџами и избегнувајте ги ткаенините како свила.

10. Употребувајте влажна крпа за лице и раце во текот на ноќта. Доколку се разбудите во текот на ноќта, избришете се со влажната крпа. Избегнувајте да спиете со влажно лице и раце.

11. Држете ги зглобовите и внатрешниот дел од рацете под млаз студена вода околу 30 секунди. Ова ќе ги разлади вашите крвни садови и ќе се чувствувате подобро.

16-odlichni-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-koga-vi-e-pretoplo-za-spienje-04.jpg

Како да се разладите во креветот?

12. Вратата од спалната оставете ја отворена и поставете вентилатор во аголот од собата, така што ќе биде свртен кон вашиот кревет. Избегнувајте вентилаторот да дува директно во лицето, грбот или преблиску до телото.

13. Пред појавата на клима уредите, луѓето ставале сад со мраз пред вентилаторот за подобро да ја разладат просторијата.

16-odlichni-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-koga-vi-e-pretoplo-za-spienje-05.jpg

14. Доколку во текот на ноќта се разбудите од топлината, превртете ја перницата на другата страна. Таа страна ќе биде постудена бидејќи не ја апсорбирала топлината од вашето тело.

15. На вратот, челото и под пазувите ставете ладна облога. Ова ќе ви помогне да го разладите целото ваше тело. За да направите облога, во кеса за замрзнување ставете 3-4 лажици детергент за садови и ставете го во замрзнувач. Сапунот нема да се стврдне и ќе ја задржи ниската температура подолго од мразот. Ставете ја кесата во крпа или навлака и ставете ја на вратот или рацете.

16. Ако се разбудите во текот на ноќта поради топлината, добро е покрај креветот да имате студен спреј. Наполнете шише со распрскувач со студена вода и со неа освежувајте ги лицето и вратот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg