Праќате SMS во друштво?

prakate-sms-vo-drustvo-povekjeНе е реткост да се види некој кој прима и праќа пораки преку мобилен телефон додека седи во друштво. Таква постапка е непристојна кон оние со кои...

 

prakate-sms-vo-drustvo-1

...седите во друштво, со исклучок ако се работи за нешто итно, но пожелно е да се избегнува.

Ви претстои сезона на слави и собирања, што значи зголемена можност за непристојно однесување.

Замислете ја следнава ситуација: гостите собрани, а една или повеќе личности занесени во примање и испраќање пораки наместо да се вклопат во дискусиите на друштвото.

Таквото однесување е многу непријатно за вашите соговорници, за околината, за домаќините, бидејќи со тоа јасно ставате до знаење дека повеќе би разговарале со оние кои не се тука или пак едвај чекате можност некој да ве повика и да „летнете“ од досадниот собир.

prakate-sms-vo-drustvo-2Секако може и нешто итно да излезе. Тогаш никој нема да ви замери ако се извините и речете „извинете, итно е, само да одговорам“.  Но, во најголем број случаи не се работи за итност.

Доколку сте во друштво, најдобро е да го исклучите мобилниот телефон или да го ставите на вибрациии за време на собирот, да се воздржите од проверување на пораки, освен ако навистина не очекувате нешто итно.

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Неверојатни ситуации што се случуваат еднаш во животот (фото) Некои ситуации може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќе. Дури...
Женско име за кое нема прекар, а девојчињата кои го добиваат ги следи среќа цел живот Ако сакате вашето дете да има име за кое нема да може да се смислуваат скратени ...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
„Не купувам новогодишни подароци за децата, под елка ставам предмети што веќе ги имаат“ Ангела Џексон е јутјуберка која вели дека одлучила да го „поедностави Божиќ“ за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg