10 работи кои ги правите бидејќи имате емоционални рани, а луѓето не сфаќаат
Можеби некој ве повредил, можеби ви се случило нешто лошо што имало големо влијание врз вас. Без разлика какво е вашето искуство, тоа оставила трага на вас.
Кога имате емоционални рани, нормално е да се однесувате малку поразлично, а неретко, другите нема да го разберат тоа.
Погледнете кои се нештата што ги правите бидејќи имате емоционални рани:
1. Лесно плачете за ситници
Кога имате емоционални рани, навистина е лесно да се расплачете бидејќи секогаш ја чувствувате болката потсвесно. Ќе плачете на филмови или книги и ќе станете емотивни кога ќе видете нешто што ќе ве допре емотивно.
Кога ќе сфатите дека плачете премногу, обрнете внимание на вашето внатрешно добро, бидејќи најчесто тоа е знак дека сте повредни.
2. Губите интерес за нешта во коишто сте уживале
Емотивните рани ќе го отежнат фокусирањето на работите. Ќе бидете демотивирани бидејќи вашите негативни емоции имаат поголемо влијание.
Штом ќе сфатите дека повеќе не уживате во нештата како порано, запрашајте се зошто. Доколку не преземете нешто, само ќе ја зголемите вашата болка.
3. Лесно ве иритира туѓото однесување
Емотивните рани исто така ќе направат да ве иритира туѓото однесување. Ќе бидете почувствителни на зборовите, интонацијата, прашањата, па дури и шегите на другите.
Емотивните рани ќе ве натераат да избегнувате интеракција со други луѓе, а ова може да предизвика социјално повлекување. Иако е важно да поминувате време со себе, не заборавајте дека другите можат да ви помогнат да ја намалите вашата болка.
4. Се чувствувате безвредно и безнадежно
Најверојатно се гледате себеси како безвредна личност. Се обвинувате и се чувствувате глупаво бидејќи сте толку повредени. Исто така се чувствувате безнадежно и сметате дека за вас нема излез.
Кога се чувствувате како да сте го допреле дното, обидете се да побарате помош од вашите блиски. Дозволете си да бидете сакани. Социјалната поддршка може да ви ја зголеми самодовербата, а со тоа да ви го подобри и опкружувањето.
5. Постојано ги преживувате лошите сеќавања
Кога не можете да заборавите болно искуство и постојано ви се врти низ главата, постои можност тоа да станало една од вашите емотивни рани.
Вашата неспособност да заборавите болно искуство е всушност знак дека треба да го признаете искуството и да ја прифатите болката. Обиете се да откриете зошто не можете да го заборавите настанот и прифатете дека е во ред да се чувствувате повредено поради тоа.