Трикови за брзо опуштање
На сите понекогаш им е потребно опуштање, само што методите на опуштање може да бараат нешто што во моментот не ви е достапно, како што е..
...купка, но и време. Затоа, еве неколку брзи методи за релаксација, за моменти кога навистина ви е потребен одмор од сè.
Вашиот mp3 плеер може да биде одличен помошник при опуштањето. Денес многумина носат плеери со себе и често на нив имаат плејлисти, да речеме за вежбање или за преживување на гужвата во автобус.
Она на што ретко се сеќаваме е да ставиме плејлиста со музика која нè опушта. Ќе ви годи слушањето песна или две во позадината, додека работите.
Замислете детали од некој убав период кога главна грижа ви била дали да посегнете по уште една чаша пијалок.
Сетете се на се што ви се допаднало и во што сте уживале во тој период. Враќањето во реалноста може да биде грубо, но...сеедно...вие ќе бидете поопуштени.
Надвор е убаво времето? Прекинете со работата излезете да прошетате 10-15 минути со брзи чекори. Главате ќе ви се разбистри, ќе почувствувате опуштање, а иритантната личност од окружувањето многу помалку ќе ве нервира.
Секој ден за себе одвојте 20-30 минути и правете нешто што сакате...било да е разгледување на излози, читање на трач рубрики, набљудување на луѓе додека пиете кафе....
Тоа малку време само за себе, многу значи и ви помага да се ослободите од негативните мисли.