10 правила за добар стриптиз

10-pravila-za-dobar-striptiz-povekjeСтриптизот е возбудлив подарок за секоја пригода и сигурно ќе ја воодушеви посилната половина. Мажите не се срамат да признаат дека фантазираат за...

 

...партнерка која ги заведува соблекувајќи се, а и жените сакаат да изведуваат секси стриптиз за саканиот.

Ова се неколку совети како да се соблечете во вжештена атмосфера:

10-pravila-za-dobar-striptiz

1. Оставете го светлото вклучено. Ако не се чувствувате пријатно во сопствената кожа можете да запалите неколку свеќи или да го пригушите светлото. Стриптиз во мрак нема поента, а од совршено тело поважна е самодовербата.

2. Намачкајте се. Телото намачкајте го со бебешко масло, брадавиците истакнете ги со малку кармин и секако користете сјај за усни.

3. Испланирајте што ќе облечете. Стриптизот е често спонтан па долната облека која ја имате на себе не е секогаш најпривлечна. Но, ако планирате да го изненадите со жежок танц испланирајте добар костим (конобарка, собарица, пожарникарка, учителка)

4. Одберете соодветна музика. Добар избор се: "Kiss" од Принс, "Fever" или "Erotica" од Мадона, "Flashdance" од Deep Dish, "Dirrty" од Кристина Агилера, "French Kiss" од Лил Луис, "Pony" од Ginuwine, "Love To Love You Baby" или"I Feel Love" од Дона Самер.

5. Бидете неуредни. Фрлајте ги алиштата насекаде и не се замарајте дали е се на свое место.

6. Бидете заносни. Движете се горе доле, користете ја косата, додворувајте се, провоцирајте...

7. Допирајте го. Галете го по сите места кои го излудуваат. Почнете невино со усните и вратот и полека симнувајте се надоле.

8. Користете совети од професионалките. Едната нога секогаш треба да ви е нешто понапред од другата, и лесно подигнете ја петата на предната нога за да изгледате поспретни и повитки.

9. Број 1 правило кое не смеете да го прекршите: Вие во секој момент можете да го допирате партнерот, но за него е дозволено само гледање без пипкање!

10. Број 2 правило кое не смеете да го прекршите: Гледајте го во очи задолжително!

Би можело да ве интересира:

13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото) Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...
Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...
Смрт на брачен сопатник и уште 13 најтешки искуства во животот (ќе ги разберете само ако ги доживеет... Спонтан абортус, силување, хронична болест, смрт на дете... Кои се најтешките ра...
5 сигурни знаци дека сте соочени со емоционална блокада Емоционалната блокада може да направи да се чувствувате „заглавено“, па одново и...
6 работи што луѓето со анксиозност сакаат да ги разбереме Не можат да се ослободат од анксиозноста со позитивно мислење и доста често нема...
Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел) Во комуникацијата на социјалните мрежи многу често се употребуваат различни емот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg