Лаги кои ви ги кажувале кога сте биле деца, во кои сé уште верувате
Овие добро познати „факти“ се сè само не вистинити. Веројатно и вие припаѓате на голема група на луѓе чии родители зборувале за овие работи, во обид да ве заплашат или смират.
Меѓутоа, постојат многу луѓе кои и денес, како возрасни личности, сè уште веруваат во овие лаги. За што поточно станува збор и можете ли да препознаете одредена ситуација од сопственото минато?
Шеќерот ја зголемува хиперактивноста
Истражувањата покажале дека однесувањето на децата не се менува, без разлика дали консумираат шеќери или не.
Ова повеќе делува како лага за родители, отколку за деца, која има плацебо ефект, односно родителите кои на децата им даваат премногу бонбони, сметаат дека нивните деца се хиперактивни.
Гума за џвакање останува во стомакот 7 години
Тоа не е вистина. Ова веројатно доаѓа од фактот дека телото не може лесно да ја свари гумата за џвакање, но тоа не значи дека истата ќе се акумулира во стомакот ако проголтате неколку парчиња.
Иако варењето на гумата за џвакање трае подолго од другите видови храна, истата ќе биде надвор од вашето тело за седум дена.
Не смеете да пливате еден час по оброкот
Според ова верување, за време на варењето на храната, телото прво испраќа крв во стомакот, потоа во екстремитетите, поради што побрзо стануваме уморни.
Од ова произлегува дека поради пливање на полн стомак, во најдобар случај, можеме да добиеме грчеви, а во најлош случај можеме да се удавиме.
За среќа, оваа теорија нема никаква научна основа.
Пештерските луѓе живееле во пештери
За целосно да ја побиеме оваа лага треба подобро да ги дефинираме пештерските луѓе. Тие, всушност, не постојат! Се работи за старомоден израз кој луѓето го користат кога зборуваат за ловци-собирачи и за раните фармери од камено време.
Пештерите во палеолитскиот период биле користени како гробници, како засолништа за време на бура и слично.
Семејствата во камено време живееле во кампови составени од „свиткани колиби“. Истите биле направени од гранки кои се наведнувале и преку кои се ставала кожата на животните.
Ако седите премногу блиску до екранот на телевизорот ќе го оштетите видот
Според мислењето на експертите за очи, гледањето телевизија не предизвикува трајно оштетување на видот.
Сината светлина, што излегува од екранот, може да предизвика привремен замор на очите и одредени последици, но тоа ќе влијае на вашите очи со ист интензитет, без разлика каде седите. Сепак, добро е да се внимава на времето поминато пред екрани и да се намали истото.
Ашера | Црнобело