Писмо што треба да го прочита секоја жена

Вие сте важни. Ако никој не ви го кажал тоа денес, го читате сега. Вашите мислења се важни. Важен е начинот на којшто го гледате светот, важни се зборовите кои ги чувате за себе бидејќи се плашите од туѓото мислење. Вашиот глас е важен.

pismo-shto-treba-da-go-prochita-sekoja-zhena-001.jpg

Вашите чувства се важни. Не се претерани, пресилни или фрустрирачки. Не се нереални, луди или наивни. Вашите чувства се всушност вие. Тие се вашата длабочина.

Вашите мисли се важни. Важни се гласовите во вашата глава. Малите луди нешта што ви минуваат низ глава пред спиење. Важни се нештата за коишто тајно размислувате бидејќи ви е непријатно да им ги кажете на другите. Вашиот ум е важен.

Вашето срце е важно. Важно е она за коешто сте страсни. Сето она што ве помрднува е важно, без разлика што мислат вашите пријатели, семејство или колеги. Вашата страст е вашиот повик, а вашиот повик е важен, без разлика за што станува збор.

Вашите соништа се важни. Тие не се невозможни, не се детинести, не се неамбициозни и не се за секого. Вашата визија е важна. Важен е начинот на којшто сакате да живеете. Дури и ако вашите соништа се луди, тогаш важна е вашата лудост.

Вашиот пат е важен. Тргнете по патот по којшто сакате, возете го автомобилот што сте го одбрале, возете како што сакате и слободно ослободете се од несаканите патници. Вашиот пат и вашата насока се важни.

Вашите проблеми се важни. Препреките со коишто се соочувате ја градат вашата сила. Сите исплакани солзи ќе ја исчистат негативноста. Вашите солзи се важни.

Вашата среќа е важна. Важни се деталите што ги откривате во радоста. Едноставните нешта што прават да се смеете. Важни се моментите што ви го одземаат здивот. Треба да ги барате и да ги пронајдете. Важна е вашата насмевка.

Важно е вашето постоење. Тоа воопшто не е случајно. Вие сте овде и имате своја приказна. Вие сте овде за да оставите трага. Вие сте важни. Секогаш сте биле и секогаш ќе бидете. Можеби сте го заборавиле ова бидејќи сте опкружени со луѓе кои не ви го кажуваат, но вие сте доволно важни.

Сè додека го знаете тоа, ништо друго не е важно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg