Модерна верзија на бонтон: Манири и други заборавени работи во денешно време
Каде исчезнале манирите? Зошто сме изненадени кога некој ќе ни го придржи палтото или ќе ни ја отвори вратата од автомобилот или ресторанот? Можеби затоа што еволуцијата не успеала успешно да ја заврши работата со едукација на човечката раса.
Основните правила се многу едноставни. Се работи за култура на говор, прилагодување на ситуации и манири за кои многупати се зборувало, но повторно потсетуваме на некои од најважните.
Ако сте ги заборавиле манирите или едноставно ви треба потсетување, прочитајте го текстот до краj:
- Ако повикате некој на пијалак, тоа значи дека вие плаќате. Ако кажете „да излеземе“, може да се постигне договор секој да плаќа за себе, но ако поканите некоја личност да излезе со вас и истакнете дека ја поканувате, вие треба да ја платите сметката.
Мажите понекогаш ја преземаат улогата на оние кои треба да платат, но жените знаат дека можат и треба да платат кога е потребно.
-Не одете на гости непоканети. Свртете ја ситуацијата и замислете дека некој ви тропа на врата ненајавено. Можеби сте голи, можеби веќе имате гости, можеби уживате во одморот.
Добар метод е да ги облечете чевлите веднаш штом ќе ја отворите вратата. Ако не сакате да го видите тоа лице денес, можете да кажете дека излегувате.
- Оставете го мобилниот во торбата. Навистина, ако веќе сте стигнале во тоа кафуле или сте на вечера со драги луѓе, посветете им време и внимание. На тој начин ќе покажете дека ви се важни и дека ве интересираат.
Ако константно проверувате Инстаграм, одговарате на Фејсбук пораки и сл. тогаш дефинитивно треба да си одите дома.
- Научете да се справувате со навредите. Нападот не е најдобрата одбрана, бидејќи се спуштате на нивото на личноста која ве навредува. Смејте се и покажете дека сте над ситуацијата, и дека не ве допира тоа што го кажуваат за вас.
- Во кино или театар, поминувајте ги луѓето свртени кон нив. Никој не сака да ја гледа вашата задница.
- Мажи, никогаш не допирајте жена без нејзина дозвола. Ова значи дека не треба да ја допирате за раце, да ја допирате „случајно", за време на разговорот или да ѝ го држите грбот додека ја поминувате улицата.
- Имајте мера во сè, особено во примена на парфеми. Ако и во текот на ноќта сé уште мирисате, веројатно сте ставиле премногу парфем, а истиот бил премногу интензивен за сите присутни во вашата средина во текот на денот.
- Почитувајте ја приватноста на другите, ова важи и за вашите партнери. Како што не би било фер вашите родители да го прочитаат вашиот дневник од детство, така не треба да ги читате пораките на вашиот партнер.
- Не треба слепо да ги пратите модните трендови. Подобро е да се облечете убаво, дури и ако не е според најнова мода. Важно е да се чувствувате удобно, наместо да изгледате очајно во најновите модни трендови на официјални состаноци и средби.
- Не треба да галамите во кафулињата, да разговарате или да се смеете премногу гласно. Покрај тоа што ова е смешно, не е интересно да седите во друштво на некој што може да го слушнете на десет метри подалеку.
- Не заборавајте да се заблагодарувате, секојдневно, за мали и големи работи. На вашите најблиски, на пријатели, на соработници... Почитувајте ги нивните напори и нивната посветеност кон вас.
Ашера | Црнобело