Бонтон за бакнежи и ракување: Како се поздравуваат луѓето во различни делови на светот?
Италијанците се редок европски народ кој при запознавање се бакнува во лев образ, додека Американците, наместо бакнежи нудат прегратки.
Ако не ги познавате правилата на однесување во странство, обичен бакнеж во образот или ракување со новите пријатели лесно може да се претвори во несмасно искуство.
Речиси сите се имаме најдено во слична ситуација, поради влегувањето во интимниот простор на оние кои не се навикнати на таква блискост. За да не навредите некој, најдобро е да му дозволите на домаќинот да води и да го следите неговиот пример.
Како се бакнуваат луѓето во различни делови од светот?
Во Кина е подобро е да се воздржите од бакнување и само да се поздравите со ракување.
Во Латинска Америка бакнување при прва средба е често, а во Аргентина во образ се бакнуваат и мажите и жените.
Луѓето во Сао Паоло се бакнуваат двапати, а во Рио де Жанеиро еднаш.
Британците, Германците и Швеѓаните се малку постудени од жителите на јужна Европа.
Во зависност од државата, а понекогаш и од градот, луѓето се бакнуваат еднаш, двапати, па дури и осум пати, како што е случајот со Авганистан.
Во Египет се очекуваат два бакнежи. Слично е и во Иран, каде што овој број варира од еден до три.
Во Париз луѓето се бакнуваат двапати, додека во Прованса се бакнуваат три пати.
Американците се ракуваат или прегрнуваат, а во Германија луѓето почесто се прегрнуваат отколку што се бакнуваат во образ.
Во повеќето земји, прво се бакнува десната страна, но не и во Италија, каде важи правило прво да се бакнува левата страна на образот.
Ако не знаете што да правите со рацете, најдобро е да ги поставите на рамениците на личноста со којоа се поздравувате.
Ашера | Црнобело