Стјуардеси советуваат – 6 работи кои никогаш не треба да ги носите во авион
Стилот и комфорот може да одат заедно доколку ги слушате советите за паметно и практично патување со авион.
Иако мислите дека е невозможно, постои начин да ви биде удобно додека летате во авион, а истовремено да изгледате добро кога ќе пристигнете на посакуваната дестинација.
Многумина, со цел да не изгледаат мизерно, спортски и несредено кога ќе слетаат на дестинацијата, одбираат стајлинг кој е целосно погрешен и неудобен за во авион.
Сепак, според искусните патувачи и стјуардесите, постојат неколку работи кои не треба да ги носите додека патувате во авион, со цел да имате поудобен лет.
Што советуваат тие?
Извадете го накитот и тешките аксесоари
Ако имате премногу накит на вас, а побараат да го извадите на аеродром при скенирање, процесот ќе ви биде многу посложен и ќе направите гужва.
Исто така, многу накит на вас спречува пријатно и удобно патување во авионот.
Може да го оставите вереничкиот прстен или бурмата, како и некоја белегзија која лесно се вади при скенирање.
Не носете ништо тесно
Тесната облека во никој случај не е удобна за патување, посебно кога летате, бидејќи телото природно отекува, па нема да ви биде пријатно.
Наместо тоа, носете еластични материјали, кул спортски комплет, стилски панталони или хеланки на ластик и слично.
Неудобен градник
Неудобен градник кој постојано се крева, отпушта, прерамките му се вадат, ве гребе и слично, е последното нешто што ви е потребно кога летате.
Практикувајте да носите спортски градници, без прерамки на закачување, со точен и соодветен број.
Кратка облека
Дури и ако одите на летна дестинација и сакате да се облечете полетно, тоа е грешка.
Избегнувајте да носите кратки шорцеви, здолништа и облека без ракави, бидејќи во авионот може да биде ладно, па секогаш носете слоевита облека заради температурните разлики.
Парфеми
Она што за вас е освежување, за друг може да биде тортура, со оглед на тоа што некои патници може да се пречувствителни или алергични на некои состојки и мириси.
Верувајте му на дезодорансот или уште подобро стик, и прескокнете го парфемот додека летате.
Штикли и апостолки
Штиклите може да ви го забават темпото и да ви предизвикуваат поголема неволја во случај на евакуација или брзање, а исто така не се ниту удобни.
Апостолките исто така не се многу удобни доколку треба да трчате, плус, не е препорачливо нозете да ви бидат боси заради бактериите, како и поради тоа што може да ви биде ладно.
М. М. | Црнобело