Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Особина што открива дали сте поинтелигентни отколку што мислите

Иако можеби ви звучи чудно, но најпаметните луѓе во светот отворено ќе признаат доколку немаат познавање за некоја тема, настан или појава. Нив не им е страв да кажат „Не знам“.

 osobina-shto-pokazhuva-deka-ste-popametni-otkolku-shto-mislite-01.jpg

Признавањето дека не знаете нешто е првиот чекор кон запознавањето со одредена тема. Само оние кои знаат дека не знаат се подготвени да вложат дополнителен труд за да научат нешто.

Сите останати се преправаат дека знаат, а на основа на своето незнаење неретко донесуваат сомнителни одлуки.

Ова тврдење го докажува и истражувањето насловено „Неквалификувани и несвесни: Како тешкотиите во препознавањето на сопствената неспособност води до надуено самопроценување“.

Истражувањето било спроведено од страна на Џастин Кругер и Дејвид Данинг.

Со истражувањето се докажало дека помалку паметните луѓе ги преценуваат своите вештини и знаење. Бил спроведен експеримент помеѓу средношколци кои после полагањето матура, требало да ја оценат својата компетентност во решавањето на дадените задачи.

Поединците кои тврделе дека напишале добро и точно на тестот решиле само дел од поставените прашања. Покрај тоа, нивните резултати биле помеѓу најниските во генерацијата.

Од друга страна, оние кои постигнале добри резултати значајно го потцениле нивниот број на точно решени задачи.

Кругер и Данинг тврдат дека луѓето кои ја преценуваат својата способност имаат два проблеми – не само што донесуваат погрешни одлуки поради погрешното тврдење, туку немаат ни способност да сфатат дека грешат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg