Мрачната страна на најпознатите детски бајки
6. Заспаната убавица
Заспаната убавина има неколку верзии. Првата верзија била напишана од страна на италијанскиот поет Џамбатиста Басил, потоа ја адаптирал Французинот Шарл Перо, а дури потоа е преработена и од браќата Грим.
Според верзијата на Перо, кралот и кралицата на едно далечно кралство ги покануваат сите самовили во земјата да присуствуваат на крештвката на нивната ќерка. Но, една самовила не е поканета.
Таа сепак се појавува на крштевката и ја проколнува малата принцеза – да се боцне на вретено и да умре. Но, една друга, подобра самовила, прави клетвата да биде скршена само со бакнеж од вистинска љубов.
Кралот се обидува да го уништи секое вретено во кралството, но ова не спречува неговата ќерка да падне во кома речиси цел век. Потоа, пристигнува принцот и ја буди со бакнеж.
Кога ќе се земе предвид дека поминале 100 години, принцезата нема ни пријатели ни семејство, туку само еден принц странец во нејзината спална соба.
7. Малата сирена
За разлика од адаптацијата на Дизни, приказната на Ханс Кристијан Андерсен е многу помрачна.
Во оваа бајка, сирените добиваат дозвола да испливаат на површината на нивниот 15-ти роденден. Малата сирена, која ние ја знаеме како Ариел, на нејзиниот 15-ти роденден, на површината го забележува прекрасниот принц Ерик.
Кога ја посетува баба ѝ, таа ѝ кажува на Ариел дека додека луѓето умираат и потоа живеат во вечен рај, сирените се претвораат во морска пена и немаат живот после смртта.
Ариел сака повторно да го види Ерик, па посетува една морска вештерка која ѝ дава нозе, но за сметка на нејзиниот глас и нејзиниот јазик.
Иако Ариел може да оди, секој чекор е болен, како да „чекори по ножеви“, а ова резултира со крварење од нозете. Нејзината авантура на површината станува уште полоша кога принцот се вљубува во друга жена, по што Малата сирена се самоубива и се претвора во морска пена.
8. Авантурите на Пинокио
Оригиналната приказна за Пинокио е сместена во Италија.
Приказната започнува со еден столар кој сечи дрво и се запрепастува кога дрвото почнува да му зборува. Преплашен, тој му го дава парчето дрво на неговиот сиромашен сосед Џепето.
Џепето прави дрвена кукла од дрвото и ја нарекува Пинокио. Но, Пинокио има лош карактер и се однесува навистина непристојно. Покрај тоа што го удира Џепето, Пинокио бега во градот, а неговиот креатор е затворен.
Враќајќи се дома, Пинокио сретнува штурец кој се обидува да го научи за важноста на добрината. Наместо да го послуша, Пинокио фрла чекан кон штурецот.
Пинокио се соочува со многу незгоди, вклучувајќи и киднапирање од лисица и мачка, кои го продаваат на еден куклар. На крај, Пинокио се враќа дома и ја учи вредност на добрината, за конечно да се претвори во вистинско момче.
9. Пепелашка
Сите ја знаеме оваа приказна - мајката на Пепелашка умира од чума, а татко ѝ се венчава со друга, лоша жена, кој има две ќерки. Сите три се злобни и ја тераат Пепелашка да работи во домот и ја третираат како слугинка. Татко ѝ е свесен за сето ова, но не прави ништо.
Наместо самовилата што ја знаеме од цртаните, во бајката Пепелашка има дрво кое ѝ припаѓало на мајка ѝ. Секогаш кога го посетува, таа бара нешто од дрвото и го добива.
Кога во кралството се подготвува бал, Пепелашка од дрвото бара фустан, а со него добива и стаклени чевли. После танцувањето со принцот на балот, облеката на Пепелашка се враќа во нормала и таа си оди дома, но остава еден од стаклените чевли.
Потоа принцот ја бара мистериозната девојка од балот и ги тера сите млади девојки да го пробаат чевелот. Кога пристигнува во домот на Пепелашка, маќеата сфаќа дека нозете на нејзините ќерки се преголеми, па ги тера да си ги пресечат прстите и петата за чевелот да им биде точен.
10. Петар Пан
Иако на сите ни се познати филмот и разните претстави за Петар Пан, малкумина знаат за чудната врска која се појавува помеѓу ликовите.
На пример, дали сте помислиле на врската помеѓу Петар Пан и капетан Кука? Возрасниот маж, кој очигледно е депресивен алкохоличар, има вознемирувачка врска со момче тинејџер, или маж заглавен во телото на момче.
Додека Кука постојано се обидува да го убие Петар пред неговиот екипаж, истовремено сака и да го одржи во живот. Сепак, без Петар Пан, што всушност би бил Кука?
А што е со врската помеѓу Петар и Венди? Јасно е дека Венди полека се претвора во млада жена, а понекогаш е очигледно дека Петар флертува со неа. Венди се вљубува во Петар, но кога ги открива нејзините чувства, тој ѝ вели дека ја гледа како мајката што никогаш ја немал.
Спирова С. | Црнобело