Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Опасен тренд: Луѓе горат на сонце за да добијат привремени тетоважи

Бизарните трендови не се реткост во светот, но овој е многу опасен по здравјето на луѓето.

opasen-trend-lugje-gorat-na-sonce-za-da-dobijat-privremeni-tetovazhi-01.jpg

Во денешно време луѓе понекогаш прават навистина „глупави“ работи, а овој тренд е една од нив.

Тие нанесуваат млеко за сончање во облик како што сакаат да имаат тетоважа, а за да ја добијат понекогаш ставаат со ханзапласти или некој предмет, а оставаат останатиот дел од телото да им изгори од сонце.

opasen-trend-lugje-gorat-na-sonce-za-da-dobijat-privremeni-tetovazhi-02.jpg

На овој начин „тетоважата“ останува бела, а другиот дел од кожата им има црвена нијанса или чоколаден тен.

Некогаш овие тетоважи може да настанат случајно поради некое парче облека на пример што го носите на себе, но, за жал, постојат и луѓе кои намерно си ги прават.

Ова е ужасно лоша идеја и трендот е многу опасен и недоговорен, велат дерматолозите.

Интензивните зраци од сонцето ја оштетуваат кожата и се опасни дури и по животот бидејќи ви ја зголемуваат шансата за развој на рак на кожа.

Како изгледаат овие привремени тетоважи:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg