Зошто треба да живееме без очекувања?
Очекувањата, од себе или од другите, можат да бидат голем товар во животот. Повеќето луѓе, ако немаат никакви очекувања, се чувствуваат изгубено, некомпетентно, немаат разбирање и тешко простуваат. Очекувањата се една од главните причини за неуспехот и разочарувањето во животот.
Што се очекувања?
Очекувања се идеи за тоа како треба да се случуваат работите во нашите животи или во животот на другите. Очекувањата, исто така, можат да се гледаат како утврдени правила што треба да се следат, индивидуално или во одредена група.
Дали животот навистина ги следи нашите очекувања и дали навистина имаме контрола над тоа?
Очекувањата доаѓаат од сите страни - од родителите, партнерите, соработниците, пријателите, општеството итн. Сите нудиме идеи како нашиот живот треба да изгледа, како треба да изгледа нашата иднина и животот на другите луѓе.
За жал, многу често нашите очекувања и очекувањата на другите не се во корелација, бидејќи се многу индивидуални, а ние цврсто се држиме до нив. Потоа обично се создава конфликт.
Очекувањата не се нужни во нашите животи. Можеме да живееме без нив и да направиме многу работи во животот, но малкумина го прават тоа. Ако сме отворени за сите можности ќе имаме помалку разочарувања и ќе можеме да прифатиме многу повеќе.
Контрола е илузија. Нештата не можат секогаш да се вклопат со нашите очекувања. Кога имаме очекувања нашето внимание се ограничува, за на крајот да се разочараме кога ќе доживееме неуспех.
Кога сме отворени, животот станува поедноставен, бидејќи не постојат правила и четири ѕидови во кои треба да ги притискаме.
Ова не значи дека немаме цели во животот или дека нема да планираме воопшто. Кога имаме претходно дефинирани очекувања за исходот се ограничуваме.
Очекувањата се ограничувања на патот кон среќата, бидејќи не можат секогаш да се исполнат. Откако ќе се ослободиме од овој начин на размислување нашата иднина ќе биде каква што треба да биде.
Кога не сме оптоварени со однапред поставени правила и ограничувања, тогаш животот оди во вистинска насока. Тогаш очекувањата на другите нема да имаат влијание врз нас, бидејќи тоа нема да ни биде важно.
Ашера | Црнобело