Гласно џвакање, силно дишење - Зошто некои звуци нè излудуваат?

Дали навидум обичниот звук, како џвакањето гума за џвакање или јадењето чипс, ви го забрзува пулсот и прави да се чувствувате непријатно? 

glasno-djvakanje-silno-dishenje-zoshto-nekoi-zvuci-ne-izluduvaat-01.jpg 

Ова им се случува на луѓето кои страдаат од мизофонија.

Мизофонијата е мистериозна состојба, карактеризирана со искусувањето силни негативни емоции, често гнев и анксиозност, како одговор на секојдневните звуци што ги прават други луѓе, како џвакање, пишување, па дури и дишење.

Иако на прв поглед ова може да изгледа како тривијален проблем, истражувањата ни даваат посериозен увид.

„Некои луѓе се сомневаат дали можат да ја наречат нарушување. Постои една важна разлика – овие пациенти навистина страдаат. Имаме видено разводи, имаме видено луѓе кои даваат отказ“, изјавил Дамијан Денис, професор по психијатрија.

Недостатокот од свесност за состојбата предизвикала погрешна дијагноза кај деца со многу посериозни нарушувања.

Мизофонијата е малку истражена и сè уште не е формално призната како психичка или невролошка состојба. Но, некои психолози кои ги виделе последиците од нарушувањето се убедени дека треба да се сфати посериозно.

Мозок што е малку поразличен

Механизмот на мизофонијата не е целосно познат, но научниците сметаат дека е поради начинот на кој мозокот на некои луѓе ги процесира одредените звуци.

Во ново истражување објавено на 17-ти мај, Денис и неговите колеги ги набљудувале мозоците на 21 личност со мизофонија и 23 здрави испитаници. Испитаниците гледале видео клипови од следниве акции – „активирачки“ звуци, како шлапање со устата, неутрални настани, како личност што медитира или одвратни сцени од филмови.

Само мизофоничните клипови предизвикале различен одговор помеѓу двете групи. Кога гледале клип со шлапање со усните или со длабоко дишење, луѓето со мизофонија чувствувале интензивен гнев и одвратност, а нивниот пулс се зголемил. Скенирањата на мозокот покажале и голема активност во делот на мозокот кој ни го насочува вниманието кон забележливи нешта во опкружувањето.

Овие резултати се совпаднале со резултатите на истражување од минатата година. Ова истражување открило дека кај луѓето со мизофонија, активирачките звуци ги активираат деловите од мозокот одговорни за регулирање на стравот и емоциите, како и деловите за формирање долготрајни сеќавања. Користејќи разни техники за снимање на мозокот, истражувачите откриле дека овие и други делови од мозокот се посилни кај луѓето со мизофонија.

Ова ги натерало научниците да помислат дека мизофонијата е предизвикана од поразлично програмирање на мозокот. Односно, мозокот процесира одредени звуци како вознемирувачки и одговара со анксиозниот и стрес.

mizofonija-zoshto-nekoi-zvuci-gi-izluduvaat-lugjeto-02.jpg

Може ли да се смири мозокот на личност со мизофонија?

Истражувањата за мизофонијата се толку нови, што таа не е добро дефинирана и не постојат стандардни водичи за дијагноза и третирање.

Постојат многу сличности помеѓу луѓето кои страдаат од мизофонија, но истовремено има и разлики. Ова само го комплицира објаснувањето за нарушувањето. Кај некои пациенти се појавува анксиозност, а некои пак чувствуваат само гнев.

Со цел да им помогнат на пациентите, терапевтите користат разни техники, често засновани врз видот симптоми.

Оние кои искусуваат страв и анксиозност учат да се справат со симптомите додека се изложени на активирачки звуци. Од друга страна, пациентите кои искусуваат гнев често се обидуваат да си го одвлечат вниманието или пробуваат некоја техника за релаксација.

Изгледа дека досега, најефективниот третман е когнитивната терапија каде што терапевтите им помагаат на луѓето да го променат нивниот начин на размислување во овие ситуации и ги учат како да го насочат нивното внимание кон нешто друго.

glasno-djvakanje-silno-dishenje-zoshto-nekoi-zvuci-ne-izluduvaat-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg