Чудни работи што ги прават луѓето кои живеат сами
Повеќето луѓе веруваат дека со добри цимери можат да прават добри журки. Се чини дека токму тоа е остварување на сонот. Но, кога ќе помине овој сон, кој во пракса е обично кошмар, секој сака да живее сам.
Покрај слободата што ја носи, луѓето кои живеат сами често прават „чудни“ работи.
Ова се некои работи кои ги прават и разбираат само луѓе што живеат сами:
Секој што живее сам ќе почне да разговара сам со себе и ќе ги менува гласовите. И искрено, ќе се смее многу, многу гласно, па дури и кога нешто не е смешно.
Но ова не е проблем, бидејќи комуникацијата е важна за секое човечко суштество.
Проблем се јавува кога наместо да вечераат ќе решат да изедат цела торта или сладолед, бидејќи нема кој да ги спречи во оваа неразумна одлука.
Кога сме веќе кај храната, кога живеете сами, целиот простор некако станува место за јадење. Често пати садовите не се измиени, па се јаде со раце. Сепак, никој не гледа.
Бидејќи никој не гледа, човекот честопати ќе биде само во долна облека или целосно гол. Ова е една од најчестите сцени во животот без цимер, гол човек со лаптоп во скут.
Викендот може да биде фатален, не поради излегување, туку бидејќи тогаш најчесто никој нема обврски, а кога живеете сами нема кој да ве разбуди. Будење околу 13 часот воопшто не е необично.
Кога долго време нема да видат друго човечко суштество потребно им е малку време да се адаптираат на комуникацијата со другите луѓе. Па така можат да се чувствуваат како да се во видео игра кога излегуваат меѓу луѓето.
Постојат уште „маани“ на животот во осаменост. Често забораваат дали го земале клучот или дали ја исклучиле пеглата, бидејќи нема кој да провери.
Кога живеете сами можете да се туширате долго, колку што сакате, и можете да го чистите станот во 2 наутро, ако сметате дека е потребно.
Ашера | Црнобело