Какво значење имаат еротските соништа?

Ако сонувате дека сте вљубени, тоа предвидува успех. Ако ги сонувате бившите партнери тоа ја симболизира здодевноста во креветот, оргазми без страст и неисполнети желби.

kakvo-znachenje-imaat-erotskite-sonishta-01.jpg

Најмалку 95 проценти од луѓето барем еднаш сонувале сексуални соништа, а околу осум проценти од жените и мажите ги сонуваат секој ден.

Што всушност значат овие еротски соништа?

Несакана страст

Ако сонувате дека имате секс со некој што навистина не ви се допаѓа во реалноста, потсвеста ви кажува дека треба да ја преземете контролата во врска со тој човек. Овој сон навистина нема многу врска со сексот, туку се однесува на „борбата за власт“.

Сонување на бивши партнери

Луѓето најчесто сонуваат дека имаат секс со својот поранешен партнер, што не мора да значи дека го посакуваат. Овој сон е обично желба за нешто познато и безбедно. Можеби во новата врска се чувствувате малку несигурно, а вашата потсвест ве потсетува на побезбедно време.

Фатени на дело

Ако сонувате прељуба, потсвеста веројатно ви сигнализира дека не сте сигурни за новата врска и дека треба да ги разјасните чувствата со новиот партнер.

Меѓутоа, ако сонувате сексуален однос со вашиот поранешен партнер често, тоа може да значи дека сè уште го сакате или дека сексот со вашиот нов партнер не ве задоволува.

Erotski sonuvac Otkrijte sto vsusnost znacat vasite erotski sonista 02

Орален секс

Добивање или давање на орален секс значи волја да се даде и да се добие задоволство. Покрај тоа, ја симболизира креативната енергија и потврдува дека сте на вистинскиот пат, велат експертите.

Но тоа, исто така, може да значи дека вие и вашиот партнер треба да зборувате за вашите сексуални желби.

Доминација

Доминацијата над партнерот во сон претставува потреба за контрола во реалноста. Но тоа исто така може да значи дека сакате да се подигнете на повисоко ниво на духовност. Ејакулација во сон значи губење на сила и контрола.

Erotski sonuvac Otkrijte sto vsusnost znacat vasite erotski sonista 03

Мастурбација

Мастурбација во сон честопати претставува несакани сексуални желби и потреби. Но исто така може да сигнализира дека треба да вложите повеќе напор во врската или да ја зголемите заштитата во сензуална или емотивна смисла, не нужно сексуална.

Голотија

Ако сонувате дека спиете голи, се плашите да ги откриете своите активности. Ако се обидувате да ја скриете голотијата, тогаш сте интензивно чувствителни на некаква животна ситуација.

Бакнеж

Бакнежот ја симболизира љубовта, приврзаноста, рамнотежата и задоволството. Без разлика дали во сонот гледате луѓе кои се бакнуваат или вие самите се бакнувате.

Ова може да значи и дека сте премногу заинтересирани за туѓите односи и животи, велат терапевтите. Ако се разбудите пред да се бакнете со некого, најверојатно не сте сигурни во неговите чувства.

Бакнеж со лице од ист пол значи прифаќање на сопствената машка или женска страна.

Erotski sonuvac Otkrijte sto vsusnost znacat vasite erotski sonista 04

Невиност

Сонување на невиност симболизира чистота и потенцијал. Но тоа не мора да биде чисто сексуална, туку и емоционална невиност. Ако не сте невини (во сексуална смисла), а во сонот сте, веројатно жалите за нешто.

Странец

Секс со странец во сон може претставува страв од иднина. Овој сон, исто така, ви овозможува да ги пробате сите работи што сте ги посакувале, без сопирачки, но не се осмеливте. Ако сонувате секс со јавна, позната личност, сонувате за успех.

Оргазам

Доколку сонувате оргазам ова може да претставува возбудлив крај на некоја животна ситуација. Од друга страна, може да значи дека ви недостига секс, односно, дека треба да ја отпуштите сексуалната тензија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg