Се чувствуваме среќно кога сме зафатени: 5 психолошки факти кои откриваат многу за нас

Учење на нови работи за себе секогаш носи нешто интересно и забавно. Разбирање на психологијата на човечките чувства и процеси на мозокот, како и нивната манифестација е многу важна.

Se cuvstvuvame srekno koga sme zafateni Ova se 5 psiholoski fakti koi otkrivaat mnogu za nas 01

Со текот на годините, научниците открија многу мистерии и недостатоци на човечкиот мозок, кои секако беа скриени во нашата психа. Сепак, емоциите и активноста на мозокот се неисцрпно поле на истражувачката работа.

Благодарение на нивната посветеност можеме да ви презентираме пет факти кои ќе ви помогнат да разберете како работи човечкиот мозок и зошто дејствуваме на одреден начин.

1. Повеќето одлуки ги донесуваме несвесно

Би сакале да веруваме дека сите наши одлуки се резултат на внимателно планирање, но во реалноста, ние несвесно донесуваме 60 до 80 проценти од нашите секојдневни одлуки.

Не размислуваме за тоа да ги правиме овие работи, едноставно ги правиме.

Во секој момент нашиот мозок прима милиони единици на податоци. Со цел да спречи исцрпеност, одредена количина на информации оди во потсвеста.

Така несвесно затвораме врати, исклучуваме светла, пуштаме вода и сл. Таквите активности се вршат автоматски, без размислување.

Se cuvstvuvame srekno koga sme zafateni Ova se 5 psiholoski fakti koi otkrivaat mnogu za nas 02

2. Храна, секс и опасност

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето секогаш застануваат да ги гледаат последиците од сообраќајната несреќа? Иако ваквите сцени ги вознемируваат, луѓето продолжуваат да ги гледаат.

Таквата љубопитност е водена од нашиот антички мозок, кој е одговорен за нашиот опстанок.

Неговата функција е постојано да поставува прашања за нашата околина. Можам ли да го изедам ова? Можам ли да имам секс со тоа? Може ли ова да ме убие?

Храна, секс и опасност се сè уште работи кои ни се неопходни за опстанок.

Se cuvstvuvame srekno koga sme zafateni Ova se 5 psiholoski fakti koi otkrivaat mnogu za nas 03

3. Трошиме 30 отсто од нашето време на сонување

Научниците од Универзитетот во Калифорнија велат дека секојдневно трошиме 30 проценти од нашето време да сонуваме будни. Понекогаш, за време на долги патувања, овој удел се зголемува дури до 70 проценти, но нема ништо лошо во тоа.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои сакаат да мечтаат имаат тенденција да бидат покреативни. Исто така, тие се подобри во решавање на проблеми и полесно го толерираат стресот.

Se cuvstvuvame srekno koga sme zafateni Ova se 5 psiholoski fakti koi otkrivaat mnogu za nas 04

4. Имаме ограничен број на пријатели

Психолозите и социолозите дојдоа до заклучок наречен број на Данбар. Тој претставува максимален број на луѓе со кои едно лице може да одржува блиски односи.

Значи, дури и ако имате илјадници пријатели на Фејсбук, всушност можете да имате значајна комуникација со само 50 до 100 луѓе.

Se cuvstvuvame srekno koga sme zafateni Ova se 5 psiholoski fakti koi otkrivaat mnogu za nas 05

5. Се чувствуваме среќно кога сме зафатени

Нашите мозоци сакаат да работат, наместо да бидат мирни. Поради оваа причина, за секоја завршена задача, тој нè наградува со допамин, хормон на среќа.

Se cuvstvuvame srekno koga sme zafateni Ova se 5 psiholoski fakti koi otkrivaat mnogu za nas 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg