Секој човек има барем 10 големи тајни во животот, а 5 никогаш не ги открива – колку имате вие?
Вистината ослободува, ова е потврдено и од страна на научниците во некои истражувања во кои луѓето, во лабораториски услови, постигнале помалку физички и интелектуални резултати доколку чувале некоја тајна.
Чување на тајните го оптоварува нашето функционирање, колку е тајната поголема и потешка, поголем е напорот за одржување на емоционалната и физичката рамнотежа.
Ова може да се спореди со вреќа полна со камења што секојдневно ја носиме со себе. Дали секој поединец има една или повеќе добро чувани тајни, без разлика дали ги чува цел живот или само во одреден временски интервал?
Иако вистината ослободува, повеќето луѓе избираат да скријат нешто во текот на својот живот. Често пати пред смртта на некој член на семејството се откриваат многу тајни за него, или некоја огромна семејна тајна.
Ја криеме вистината поради страв од казна или осуда, за да добиеме нешто нелегално или да задржиме нешто, но најчесто поради стравот од мислењата на другите луѓе.
Се крие сè што е општествено или етички неприфатливо, најчесто поради чувство на срам.
Честопати ги криеме работите кои не можеме да ги простиме или да ги прифатиме. Интересно е што повеќето луѓе избираат да чуваат дури и бенигни тајни: не сме подготвени да им кажуваме на другите луѓе колку (малку) пари заработуваме или колку малку сексуални односи имаме, за да не испаднеме губитници во очите на нашите пријатели.
Интересно е и што, од една страна, сите лажеме секојдневно, додека сме, од друга страна, колективно опседнати со дознавање на тајните на другите луѓе.
Нашите мобилни телефони се како чувари на сите наши тајни и нашето сведоштво за двоен и троен живот.
Едно истражување покажало дека во просек луѓето имаат 13 тајни во текот на својот живот, а најмалку пет од овие тајни никогаш не ги откриваат.
На примерот од над илјада луѓе, сите „признанија“ биле снимени и поделени во 38 различни категории.
Некои од горенаведените категории на лаги се: болка и страдање на друго лице, употреба на дрога, лоши навики или некоја друга зависност, односно болест.
Потоа следат - кражба, нелегални активности, абортус, бременост, траума, лаги, насилство, скриени романтични желби, прељуба во сите варијанти итн.
Луѓето ја кријат финансиската состојба, незадоволството од работа и социјалниот статус.
Постојат и симпатични тајни како: амбиција, страв од неуспех, планирање на свадба, криење на изненадните аранжмани. Луѓето го кријат сексуално однесување, недостаток на секс или различната сексуална ориентација.
Религиозните или идеолошките убедувања честопати се кријат поради страв од осуда од околината, а понекогаш и романтично незадоволство, неподготвеност да се признае дека лицето повеќе не е заљубено во неговиот партнер и сл.
Ова се само некои од категориите, а истражувањето покажало дека најмалку 60 проценти од испитаниците имале тајни поврзани со финансиските прашања, 47 проценти имале тајни поврзани со повреди или страдањата предизвикани од лицето на кое му верувале, а над 33 проценти имале таен љубовен однос или биле незадоволни од работа.
Ашера | Црнобело