Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дождот е најмоќниот природен седатив - помага против депресија, нервоза и анксиозност

Дождливото време можеби делува депресивно, а повеќето луѓе го поврзуваат со меланхолични и тажни чувства, но експертите велат дека ова е само илузија. 

dozhdot-e-najmokjniot-priroden-sedativ-pomaga-protiv-depresija-nervoza-i-anksioznost-01.jpeg

Имено, луѓето кои страдаат од депресија и анксиозност го сакаат дождот, бидејќи го намалува нападот на анксиозноста и депресијата. Истото важи и за луѓето кои се импулсивни и нервозни.

Таквите луѓе често споменуваат дека го сакаат дождот, бидејќи ги смирува и релаксира. Ако размислите малку за тоа, ова е, всушност, сосема логично.

Зошто е дождот еден од најмоќните природни седативи?

Сонцето и убавото време ги тераат луѓето на акција, шетање или трчање во природа, вежбање на отворено и сите други видови на продуктивност. Од друга страна, дождот има предвидлив модел, а звукот на дождот нашиот мозок го доживува како смирувачки и безопасен шум.

Затоа постојат толку многу видео и звучни снимки за релаксација и медитација кои го содржат звукот на дождот.

Додека врне луѓето немаат желба да излезат, но во затворениот простор го прават онa што го сакаат. Звукот на дождот ги смирува, затоа е полесно да се чита книга, да се учи или да се релаксира во топла бања.

dozhdot-e-najmokjniot-priroden-sedativ-pomaga-protiv-depresija-nervoza-i-anksioznost-02.jpg

Покрај тоа, мирисот на дождот луѓето го поврзуваат со позитивни мисли и спомени од минатото. Овој интензивен и суптилен мирис нè враќа во време кога сме биле на топло и безбедно место.

Dozdot e najmokniot priroden sedativ 02

Научниците велат дека со хормоналните промени е важен и звукот на дождот. Кога звукот е умерено силен, мозокот го толкува како смирувачки сигнал. Покрај тоа, овој смирувачки шум ќе ги „покрие“ помалку пријатните звуци кои нè вознемируваат или будат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg