Колку лесно луѓето може да ве убедат во нешто?
Експертите велат дека некои луѓе се поотворени за нови информации од другите, и некои луѓе полесно се убедуваат во зависност од контекстот и од каде доаѓа информацијата.
Тие идентификувале три специфични типови на личности кои го откриваат начинот на кој луѓето реагираат на обид за убедување.
Исплашена личност
Ова е можеби груб опис, па затоа би рекле вознемирена личност.
Тоа се луѓе кои имаат тенденција да бидат помалку екстровертни, не се чувствуваат удобно во одредени социјални ситуации, а делуваат и срамежливо.
Овие личности речиси сигурно ќе потклекнат пред обидот да бидат убедени од страна на авторитетна личност поради желбата да ја следат толпата.
Злонамерна личност
Овие луѓе се екстровертни и имаат тенденција да бидат повеќе фокусирани на самите себе, и спротивно на првиот тип, тие се манипулативни.
Овие таканаречени злонамерни личности не се подложни на влијание или контрола од страна на одреден авторитет, и може да ги убедите во нешто само доколку веруваат дека ќе добијат нешто што им недостасува, а не им е достапно засекогаш.
Социјална личност
Тоа се луѓе кои се генерално пријателски настроени и многу совесни. Оваа љубезна и одговорна личност ќе ја убедите само доколку тоа е во согласност со нејзините ставови и верувања.
Да се биде „лесно убеден“ звучи како негативна работа, но, всушност, експертите ги востановиле овие три типови на личности за да дознаат кој е најдобриот начин за да се мотивира секој од нив.
Ако се пронајдовте во некој од трите типови, размислете каква промена ќе ве направи подобри и поефективни.
Ако спаѓате во првата категорија, размислете за тоа да побарате помош од некој близок или соодветна група за поддршка што ќе работи за остварување на вашите цели.
Ако сте личност ориентирана кон себе, ограничувањата и роковите се решение за вас.
Ако спаѓате во последната група, осигурајте се дека знаете што е вашата визија за животот - знаејќи која е вашата крајна цел ќе го олесни секојдневниот избор.
А. Ш. | Црнобело