Неконвенционалност, гламур, бизнис: Интересната историја на поп-артот
Поп-артот го поврзуваме со шеесеттите години, со Лондон, Њујорк, неконвенционалност, репродукција на препознатливи слики, влијанието на дадаизмот, ширење на суштинската вредност и гламур кој бил внесуван во сите гранки на уметноста од страна на Енди Ворхол.
Иако многумина денес ја оспоруваат неговата уметничка вредност, ова е движење кое несомнено остварило и сè уште го остварува своето влијание врз секојдневен живот и животен стил.
Ова се неколку интересни факти за поп-артот поради кои ќе ја засакате оваа уметничка насока.
Естетика на секојдневниот живот
Поп-артот ги анализирал, истражувал и критикувал масовните медиуми, луѓето и предметите од секојдневниот живот со ширење на естетика на секојдневниот живот како борба против строгите закони на традиционалната уметност.
Тука е причината зошто овој правец е обвинет за тривијалност.
Иако многумина го поврзуваат создавањето на поп-артот со Њујорк, почетокот на ова движење започнало во 40-те години во Лондон, додека кулминацијата ја доживува во шеесеттите години.
За ова придонеле социјалните и политичките околности, како сексуалната револуција, крикот на новата слобода, подемот на телевизијата, новите тенденции во музиката и филмот.
Ричард Хамилтон, еден од носителите на поп-артот, оваа уметничка форма ја опишува како: популарна, минлива, потрошена, евтина, масовна, млада, духовита, секси, гламурозна и голем бизнис.
Како и повеќето уметници на поп-артот, Енди Ворхол, познат и како Принцот на попот, ја започнал својата кариера како илустратор на списанијата и графички дизајнер.
Денес е познат најмногу по неговото тврдење дека во иднина сите ќе имаат свои 15 минути на слава. Покрај делата кои се денес синоними за поп-културата, Енди Ворхол бил познат и по неговите изјави и цитати кои можат да се видат на различни места-како графити, на гардероба, на слики и на различни предмети.
Колажи и сарказам
Колажите, исто така, станале популарни благодарение на поп-арт уметниците кои ги користеле како нови алатки за претставување на најразновидните информации и емоции.
Терминот колаж потекнува од францускиот збор што значи „да се залепи“. Преку реклами, стрипови и масовни медиуми, поп-артот го вклучувал и саркастичниот дух во начинот на комуникацијата, прославувајќи ја баналноста на секојдневниот живот.
Поп-артот го оставил својот белег и во модата која и денес ја гледаме, што во последниве години го докажуваат Версаче, Прада, Том Форд и многу други. Иако стиловите на поп-арт иконите се разликувале меѓу себе, колажите на Ворхол, како и социјалните и политичките пораки на Џејмс Розенквист, се и денес инспирација на модните дизајнери.
Ашера | Црнобело