25 начини како може ненамерно да си го упропастите животот до 25 години
Дали сте во 20-тите години од животот, а чувствувате дека се движите низ него како без компас? Немате никаква идеја што со себеси и во кој правец ви се движи животот?
Ова се 25 сигурни рецепти за успешно саботирање на животот уште пред да наполните 25 години:
1. Прифатете работа којашто не ве исполнува или инспирира само за да може да ги плаќате сметките и заборавете да побарате друга до крајот на животот.
2. Гледајте се со луѓе што не ве предизвикуваат да се развивате и останете заглавени со нив, бидејќи така е полесно отколку да ризикувате да бидете сингл.
3. Запишете се на факултет каде што сакаат вашите родители и игнорирајте го она што отсекогаш сте го сакале.
4. Останете на едно место, дури и кога навистина сакате да излезете и да истражувате.
5. Излезете и истражувајте, тогаш кога всушност треба да седите на едно место и да се смирите.
6. Приврзете се за еден дел од вашиот идентитет толку многу што ќе заборавите дека ви е дозволено да експериментирате, да се менувате и да се развивате.
7. Станете опседнати со штедење пари до таа мера што ќе заборавите да ги инвестирате во животот што ве одминува.
8. Постојано кажувајте си себеси дека ќе пробате нови нешта кога ќе бидете побогати, послаби или пообразовани.
9. Базирајте го мноштвото на одлуките врз база на стравот од одбивање, наместо врз база на потенцијалот за развивање.
10. Сакајте ги само оние луѓе коишто има логика да ги сакате.
11. Откако ќе ви го скршат срцето, чекајте некој друг да дојде за да ви го излекува, наместо самите да се излечите.
12. Поминете го целото време тагувајќи по минатото, наместо да градите сегашност и иднина.
13. Заљубете се во некого што ќе направи да се замразите себеси.
14. Опседнете се со тоа што мислите дека го заслужувате, наместо да се борите да го добиете тоа.
15. Очекувајте животот секогаш да биде фер.
16. Дозволете чувствата да ви раководат со животот, наместо само да ве следат низ него.
17. Отапете ги чувствата до таа мера што ќе се лишите од шансата вистински да се поврзете со луѓето.
18. Дозволете му на стравот од исмевање да владее над силата на автентичноста.
19. Фокусирајте се на краткотрајна среќа наместо на долготрајна исполнетост.
20. Станете толку многу ориентирани кон целите, што целиот живот ќе ве помине додека вие ја бркате следната цел.
21. Решете дека врските со другите луѓе ќе надополнат за тоа што вие не се во врска со себе самите.
22. Решете дека врската што ја имате со себе може да надополни за врските што ги немате со останатите.
23. Одбивајте да го направите првиот чекор во ситуации каде не сте сигурни дека сигурно ќе успеете.
24. Заштитете се од неуспехот и мноштвото лекции на кои истиот може да ве научи.
25. Заборавете да застанете и да размислите за сите начини со коишто вие самите си го саботирате животот.
(О)Милена | Црнобело