Имате повеќе време отколку што мислите - Сурови вистини кои одбивате да ги прифатите

Постојат некои вистини кои често сакаме да ги негираме, бидејќи алтернативата делува подобро и побезбедно. Почесто одбираме да живееме во некоја илузија на нашиот живот, отколку во суровата реалност. 

Imate poveke vreme otkolku sto mislite Poveketo luge odbivaat da gi priznaat ovie surovi vistini 01

Често бегаме во светот на имагинацијата,  гледајќи ги познатите серии, реалните емисии и документарни филмови, верувајќи дека ние не сме дел од тој свет.

Повеќето луѓе одбиваат да ги признаат овие сурови вистини:

Повеќето од нашите сеќавања се лажни

Мозокот се користи со трикови така што ги менува нашите сеќавања. Никогаш не се сеќаваме на целиот настан, можеме да се сетиме само на последната меморија на настанот. Потоа се сеќаваме на меморија на другата меморија итн.

Истите околности не влијаат на сите луѓе

Животот на некои луѓе е многу потежок од животот на другите луѓе. Некој е роден во сиромаштија, некој рано го напуштил училиштето за да заработи пари за храна, додека некој друг е роден во богатство како наследник на голема корпорација.

Логично е да се претпостави дека животот на овие луѓе нема да биде ист. Постојат исклучоци од ова правило, но не многу.

Imate poveke vreme otkolku sto mislite Poveketo luge odbivaat da gi priznaat ovie surovi vistini 02

Никој не сака да сака личност која не се сака себеси

Веројатно ќе завршите сами доколку чекате да дојде „принцот на белиот коњ. Треба да се сакате и почитувате себеси. Не им дозволувајте на другите да бидат одговорни за вашата среќа.

Светот не ви должи ништо

Дури и ако сте убави, паметни, образовани луѓе со многу добри квалитети, тоа не значи дека животот ќе ви обезбеди среќа. Постојат само две опции: жалење бидејќи заслужувате многу повеќе или борба за место под сонцето!

Оваа борба е тешка, но вие треба да го изберете својот пат.

Имате повеќе време отколку што мислите

Секоја недела има 168 часа - тоа е многу време. Алберт Ајнштајн докажал дека времето не е константно. Променете ја мислата од „Немам време“ во „Тоа не ми е приоритет“.

Ако не се занимавате со спорт и ако јадете нездрава храна, вашето здравје не е ваш приоритет. Тоа е суровата вистина. Она на што го губите времето ви кажува повеќе за вас од кој било психолошки тест.

Imate poveke vreme otkolku sto mislite Poveketo luge odbivaat da gi priznaat ovie surovi vistini 03

Вашиот живот никогаш нема да биде совршен

Никогаш нема да постои „вистинско“ време за свадба, дете, промена на работа или преселба во друга земја. Чекање на „вистинското време“ се базира на вашиот страв од промена и напуштање на зоната на комфорот.

Не можете да бидете совршени за секого

Не е важно колку сте добри, дарежливи или благородни. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе мислат лошо за вас, дури и ако не им дадете причина.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg