Повеќе време за себе
Дали ви се случува да се пренатрупате со обврски и да немате време за себе? Почнувате да се фрустрирате затоа што не стигнувате ниту да се одморите...
...ниту да си посветите време за себе (да отидете во шопинг, да читате книга, да си ја средите косата...).
Што да преземете?
1. Оддалечете се на секунда. Размислете за што ви недостасува повеќе време затоа што не можете да добиете нешто ако точно не знаете зошто ви е потребно истото.
Направете попис на активности кои сакате да ги правите и погледнете на што во моментов трошите најмногу време.
Клучното прашање е дали своето време го трошите на вистинските работи?
2. Откажете се од сè што можете. Ако повеќе време посветувате на работите кои ги сакате, а помалку на оние кои не ги сакате, ќе бидете посреќни и поуспешни Веројатно без никакви последици можете да го елиминирате гледањето телевизија.
3. Направете нов дневен распоред. Направете листа од работи кои мора да ги правите секојдневно и ставете ја на видливо место.