10 работи што треба да ги правите почесто оваа пролет

Зимата се чини како да трае неколку животи, но моментално сме во најубавото годишно време - пролет. Ако не ѝ обрнете внимание лесно ќе прелета покрај вас, а има толку многу работи што може да ги направите пред да зажежи јулското сонце. 

10 raboti sto treba da gi napravite pred da zavrsi proletta 01

Понекогаш забораваме да подзастанеме и да уживаме во моментот, па затоа ви предлагаме да ја спроведете оваа забавна пролетна задача додека не е доцна.

Неколку работи кои треба да ги правите почесто оваа пролет или неколкупати:

Исчистете го гардероберот

Користете Пинтерест за инспирација и сортирајте ја вашата облека. Пред да ги спакувате оние дебели зимски џемпери, забележете што не носевте изминатите неколку месеци и размислете да донирате некои зимски парчиња. Со средена гардероба ќе се чувствувате организирани.

Засадете цвеќе или купете нови растенија за вашиот дом

Без разлика дали имате куќа со голем двор или мал стан, растенијата и цвеќињата го трансформираат просторот и ја одбележуваат пролетта.

Обидете се да засадите цвеќиња во вашиот двор или да купите нови растенија за затворен простор, а некогаш е доволно и обичен букет кој трае неколку дена да ја краси масата.

10 raboti sto treba da gi napravite pred da zavrsi proletta 02

Шетајте секојдневно

Сега, кога хибернацијата заврши, погрижете се да поминувате повеќе време на отворено. Ако имате можност, пешачете наместо да возите автомобил, или едноставно да прошетате секогаш кога имате можност.

10 raboti sto treba da gi napravite pred da zavrsi proletta 03

Исклучете се од технологијата

Најубавата глетка во пролет се цветните дрвја. Не заборавајте да им се восхитувате, ќе ве наполнат со позитивна енергија.

Направете пикник во парк

Уште еден одличен начин да ги уживате благите температури - спакувајте кошница и наместо дома, ручајте надвор.

Исланирајте пролетно патување

Пролетните патувања не секогаш треба да подразбираат забава на скриена плажа или 5 авионски конекции. Дури и едно ноќевање може да направи да се чувствувате одморени. Истражете блиска дестинација за која досега не сте имале можност да ја посетите.

Купувајте си сезонско овошје и зеленчук

Ништо не е послатко од свежа јагода или други домашни и свежи овошки. Појдете на пазар и одберете ги најубавите свежи плодови и зеленчук.

10 raboti sto treba da gi napravite pred da zavrsi proletta 04

Отворајте ги почесто сите прозорци

По неколку месеци поминати во затворен простор, чувството на свеж воздух е неверојатно! Уживајте во свежо пролетно ветре додека ги отворате сите ваши прозорци.

Променете нешто во домот

Пролетта инспирира промена, што значи дека ова е совршено време за обновување на вашиот простор. Размислете за бојадисување на вашата соба во свежа нова боја, нови фотографии на ѕидот или едноставно преуредување на вашиот мебел.

Секој обид за редизајнирање може да направи просторот да изгледа да се чувствува сосема поинаку.

10 raboti sto treba da gi napravite pred da zavrsi proletta 05

Одете во кафулиња на отворено

Угостителските објекти ги отвораат своите летни тераси и се речиси подготвени за новата сезона. Сигурни сме дека и вие сте подготвени, па затоа организирајте средба со пријателите додека уште не почнале летните турканици, наместо да се затворате дома.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg