Предупредувачки знаци дека е време да го прекинете лошото пријателство
Возрасните луѓе имаат ограничен круг на пријатели кои со текот на времето ги „поминале“ најважните критериуми. Но, некогаш се случува и меѓу нив да има „токсичен“ однос.
Кога сте млади и имате голем круг на пријатели, многу ви е полесно да преболите кога едно пријателство ќе запре поради токсичноста на самата личност. Кога сте возрасни, тоа може да ви се чини погубно и поразително.
Затоа и морате будно да ги следите знаците, бидејќи навистина не ви треба да сте „заглавени“ во отровно пријателство:
Тие лесно ви судат
Кога и да ви се случи нешто, вашиот „пријател“ е тука за уште толку да ви трие од нос дека тоа и сте го заслужиле. Вистинските пријатели се тука за да ве утешат дури и кога сте највиновни. Ако уште и озборува други пред вас, бидете сигурни дека и вие сте се нашле во нивните озборувања.
Ги фаќате во лаги
Многупати сте биле свесни дека ве лажат, почнувајќи од најситни нешта, па до сериозни лаги кои можат многу да наштетат. Лажењето е сериозен проблем, а лажговците се луѓе на кои воопшто не можете да им верувате.
Пријателството е еднострано
Вложивте во тоа пријателство, бевте добар слушател, рамо за плачење, поддршка од секаков тип и кога еднаш ви требаше и вас тоа, добивте само ладен одговор дека претерувате со драма. Да, навистина боли, но што побрзо се ослободите од овој „пријател“, толку подобро за вас.
Менаџираат со вашиот живот
Околу вас имаат одбележано терен во кој не дозволуваат да ви пристапи трета личност. Веќе имаат целосна контрола врз слободното време и ви се јавуваат за да ве известат за заедничкиот план во чие креирање вие и не се учествувале. Не грижете се, сосема е во ред да одбиете вакво однесување.
Е. Д. | Црнобело