13 животни закони кои треба да ги запомните
Животот ги има своите убави, инспиративни и среќни моменти, како што ги има и лошите и тешките моменти. Многу пати не знаеме како да реагираме во одредена ситуација, а некои потешкотии делуваат невозможно.
Постојат одредени правила и закони во животот кои ни помагаат да го разбереме значењето на нашите постапки или да се соочиме со потешкотиите. Секогаш имајте ги предвид овие неколку правила.
1. Законот на сличноста
Во животот не постојат случајни познанства. Во животот ги привлекувате луѓето кои ви се слични.
2. Законот на рамнотежата
Кога некое лице сака да постигне нешто невозможно, потребно е да мисли на некоја друга желба која е моќна како и првата.
3. Законот на сузбивање
Мислите и делата, кои еден човек ги потиснува во себе, можат да излезат на виделина кога најмалку ќе очекува. Треба да го прифатите своето внатрешно "јас" и да не го сузбивате.
4. Законот на бариерите
За некои работи можеби ќе имате само една шанса, затоа е важно веднаш да ја искористите и да ја надминете замислената бариера.
5. Законот на изборот
Вашиот живот се состои од многу избори. Секогаш имате избор. Треба да имате на ум дека не секогаш ќе ги донесувате вистинските одлуки.
6. Законот на привлекување
Човекот ги привлекува работите за кои постојано размислува, од кои се плаши или што ги сака. Животот не ви го дава она што го сакате, туку она што несвесно го очекувате.
7. Законот на ограничување број 1
Не можете да спречите сè. Постојат настани кои се случуваат без наша волја и кои не можеме да ги спречиме, бидејќи не сме одговорни за нив.
8. Законот на ограничување бр. 2
Човекот не може да има сè. Секогаш ќе постои нешто што недостасува. Тајната на среќата е да се биде задоволен со она што го имаме.
9. Законот на регуларноста
Настанот што се случил само еднаш може да биде случајност, втор пат се работи за усогласување, а трет за рутина.
10. Законот на промената
Ако сакате да промените нешто во вашиот живот преземете контрола. Не можете да го менувате животот пасивно, очекувајќи дека ќе ви помогне судбината. Ако не одите никаде, никогаш нема да стигнете некаде.
11. Законот на хармонијата
Човекот бара хармонија во сè. За да постигнете хармонија со светот треба да имате хармонија со себе. Имајте добар став кон себе и прифатете се.
12. Законот на огледалото
Она што не сакате да го слушнете од другите луѓе е она што треба да го слушнете во оваа фаза од вашиот живот. Другите луѓе можат да ви служат како огледало, да ви помогнат да го видите она што не можете или не сакате да го видите во себе.
13. Законот на верижната реакција
Ако сте лошо расположени, еден неуспех ќе предизвика друг. Ако живеете секој ден во вашите соништа, реалноста ќе ја замени светот на имагинација. Понекогаш е тешко да се запре протокот на лошите или непродуктивните мисли, бидејќи грижите, страдањата и соништата можат да ни станат навика.
Ашера | Црнобело