Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се ослободите од непотребното чувство на вина?

Секој човек се чувствува виновен понекогаш. Сепак, има голема разлика помеѓу чувството на вина кога навистина сте погрешиле нешто, и она кога всушност не е ваша вина.

Kako da se oslobodite od nepotrebnoto cuvstvo na vina 01

Психолозите велат дека многумина се чувствуваат виновни и тогаш кога не направиле ништо погрешно од едноставна причина што имаат преголеми очекувања од себеси - овие очекувања потекнуваат од правилата и стандардите што луѓето ги присвојуваат во детството.

Кога луѓето нема да ги остварат овие очекувања, се разочаруваат.

Факт е дека чувството на вина не ви носи ништо корисно во однос на вашето ментално здравје, затоа искористете некоја од овие стратегии за да спречите вината да ви го окупира животот.

Направете избор и држете се до него

Секоја мисла што ви вели дека требаше да постапите поинаку е залудна - кога еднаш ќе донесете одлука да направите нешто и ќе го направите, немате простор ништо да промените. Важно е да сфатите дека човек одлучува врз основа на информациите што ги има во моментот.

Бидете реални

Многу лесно се прави од мравка - слон. Тоа е така затоа што луѓето имаат тенденција да ги „пумпаат“ негативните искуства. Бидете благодарни за тоа што го имате; кога ќе сфатите дека сте побогати од многумина, тоа што не сте имале време да ги испеглате облеките ќе ви се чини како глупост.

Фокусирајте се на позитивните работи што ги правите

Предизвикајте се самите себе секоја критика што си ја упатувате да ја замените со позитивна мисла. На пример, доколку пристигнете доцна на свадбата на вашата пријателка, потсетете се дека воопшто сте имале можност да присуствувате.

Убедете се дека нештата не се секогаш „правилни“ или „погрешни“

Животот не функционира на тој начин - не е секогаш сè добро или лошо, а тоа важи и за луѓето. И баш затоа што сме луѓе правиме грешки, но тоа не значи дека се работи за карактер туку едноставно за одлука. Не постои правилен или погрешен начин да се направи нешто, постојат многу различни начини.

Прифатете го фактот дека вината е бескорисно чувство

Понекогаш може да биде и извор на мотивација, меѓутоа почесто нема никаква поента. Вината се однесува на минатото, а ништо не може да го промени минатото. Единствено што може да направите е да преземете одговорност за своите минати постапки и да се фокусирате на иднината.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg