Сладолед со вкус на јаглен, сенф, вијагра - кои се најбизарните вкусови на сладолед?
Во топлите денови нема ништо подобро од сладолед. Секој има свој омилен вкус, од чоколадо, ванила до овошните, освежителни вкусови на диња или шумско овошје.
Истражувавме и дојдовме до бизарни и неочекувани вкусови на овој популарен десерт, како сладолед од кромид, авокадо, јаглен. Би се осмелиле да ги пробате овие смели нови вкусови или сепак ќе се држите до проверените вкусови на ванила и чоколадо?
Првиот сладолед е создаден во 10-от век, а истиот бил целосно направен од мраз. Првиот сладолед каков што го јадеме денес е роден во Кина, а неговите состојки биле мраз и млеко.
Марко Поло, познатиот морепловец, го носи овој рецепт во Европа.
Во 1660 година сладоледот во Франција станува достапен за сите. Претходно, само „елитата“ можела да ужива во него.
Прва машина за произведување на сладолед е создадена во 1846 година, од страна на Ненси Џонсон.
Време да ви ги претставиме некои од најбизарните вкусови на сладолед:
Сладолед со вкус на свинска крв и чоколадо
Сладолед од карамела со вкус на цигари
Сладолед со вкус на вијагра
Сладолед со вкус на сланина
Сладолед со вкус на кромид
Сладолед со вкус на авокадо
Сладолед со вкус на јаглен
Ашера | Црнобело