Што значат „абракадарба“, „хокус-покус“ и другите магични мрморења?
Волшебниците ги користат магичните зборови при изведба на одреден ритуал, како и магионичарите, додека изведуваат одреден трик. Еден од најчестите инкантации е зборот „абракадабра“. Иако овој збор го имаат слушнато сите, веројатно ретко кој знае од каде потекнува.
Покрај „абракадабра“ постојат и други магични зборови кои се популарни и чести во употребата. Потеклото на овие зборови е, исто така, мистерија за повеќето луѓе.
Додека „абракадабра“ денес често се користи од страна на сценските магионичари, овој збор го има своето потекло во античкиот римски свет. Во тоа време се верувало дека овој збор содржи голема магиска моќ.
Според една теорија, зборот „абракадабра“ е изведен од хебрејските зборови „ab, ben, ruach hakodesh“, кој се преведува како „Татко, Син и Светиот Дух“. Така е зборот „абракадабра“, всушност, повикување на Светото тројство.
Според друга теорија, овој магичен збор е изведен од друг магичен збор „абраксас“. Овој збор е посебен поради бројот на буквите, кој во грчката нумерологија го дава бројот 365, односно бројот на деновите во годината.
Уште една теорија за потеклото на зборот „абракадабра“ зборува дека се работи за арамејската фраза „Avra kadavra“, која обожавателите на Хари Потер можеби ќе ја препознаат.
Во секој случај, „абракадабра“ се користел како талисман со векови. На пример, римскиот советник од вториот век, Серенус Самоникус, во својата книга „Liber Medvedis“, дава опис за начинот на кој може да се користи овој магичен збор.
Зборот треба постојано да се пишува на парче пергамент, со отстранување на буква, сè додека не остане само една буква - а. Употребата на оваа пирамида ја спомнуваат и автори од подоцнежните години (Ева Римингтон Тејлор од 16-ти век и Даниел Дефо од 18-тиот век).
Кога луѓето престанале да веруваат во ефикасноста на зборот „абракадабра“, зборот почнаа да го користат сценските магионичари при изведување на магичните трикови.
Друг магичен збор е „Алаказам“. Оваа инкантација го има своето потекло од арапскиот јазик. Се претпоставува дека „Алаказам“ е име, и дека оваа магична инкантација може да ја повика моќта на дотичниот Алказам.
„Хокус Покус“ е уште еден магичен збор кој често го користат магионичарите. За разлика од „Абракадабра“, потеклото на оваа магична фраза лежи во поновото минато, попрецизно во 17-от век.
Постојат неколку теории кои го објаснуваат потеклото на оваа фраза. Едната ја нуди архиепископот на Кантербери, Џон Тилотсон. Тој сугерира дека се работи за пародија на фразата „hoc est corpus“ - што значи „ова е тело“.
Овие магични зборови денес ги користат и некои современи езотерични организации во своите ритуали, а секој има своја теорија за нивното значење.
Ашера | Црнобело