Планината Рораима: Лебдечкиот остров обвиткан во мистерија

Планинарење е одличен начин за истражување на природата, вежбање, поминување време со пријатели и… мистериозно искуство?

Planinata Roraima Lebdeckiot ostrov obvitkan vo misterija 01

Планината Рораима се издига над околу 1.300 метри, на местото каде што се спојуваат Бразил, Венецуела и Гајана. Националниот парк Рораима, исто така познат и како „лебдечкиот остров на Венецуела“ е различен од вообичаените планини.

Се работи за оддалечена локација, измешана со мистериозен воздух и домороден фолклор.

Планината го привлече вниманието, не само на рударите кои барале богатство, туку и на познатите автори заинтригирани од недопрените делови на планината.

Сер Артур Конан Дојл, во својот роман „Изгубениот свет“ од 1912 година, го опишува искачувањето на оваа планина.

Древните Индијанци, кои живееле во близина, ја сметале планината за составен дел од светската историја. Според митот, планината е остатокот од големата поплава, а се верува дека секој што ќе се искачи на врвот на планината нема да се врати жив.

До ден денес, домородните луѓе кои живеат во близина на Рораима ја почитуваат оваа голема планина и нејзината историја.

Старите Индијански племиња не биле единствените кои верувале во моќта и мистеријата на планината Рораима. Оваа планина е позната и по честите видувањата на НЛО.

Planinata Roraima Lebdeckiot ostrov obvitkan vo misterija 02

Регионот Гран Сабана е жариште за видувањата на НЛО, па постојат и туристички компании кои им ветуваат на своите клиенти паранормални активности. Ова и не зачудува, бидејќи на многу антички локалитети низ целиот свет постојат вакви тврдења.

Повеќето луѓе кои се качиле на планината зборуваат за своите чудни искуства, било да се работи за чувство или визија. Некои луѓе тврдат дека имале бизарни соништа кои вклучуваат вонземјани.

Дури и некои скептици се убедени во моќта на планината Рораима.

Од својата длабоко вкоренета домородна култура и митови до прекрасната флора и фауна, планината Рораима ги остава своите истражувачи со повеќе прашања отколку одговори.

Planinata Roraima Lebdeckiot ostrov obvitkan vo misterija 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg