4 потешкотии кои ги имаат луѓето кои израснале со недостаток на љубов
Она што го доживуваме како деца, особено до тригодишна возраст, иако не го паметиме добро, останува да влијае и во нашите подоцнежни години.
И додека едни ја имаат среќата да растат во прекрасна семејна хармонија, за жал, постојат и оние кои растат со недостаток на љубов и поддршка.
Тие се оние кои се дистанцираат и емоционално се затвораат, затоа што се научени уште од мали самите да се заштитуваат од болки.
Во најголем дел тоа им успева, но во текот на животот може да се соочат со следниве потешкотии:
Анксиозност
Многу голем број случаи на анксиозност се поврзани со растењето во дисфункционално семејство. Ако во детството сте биле ограничувани во својата креативност и љубопитност, казнувани, осамени или сте гледале насилство, и физичко и ментално, анксиозноста може да биде очекувана последица во возрасното доба.
Отежната комуникација со други
Недостатокот на љубов се манифестира и преку тешкотиите во комуникациите и физичките контакти. Овие лица потешко искажуваат мисли, не им е лесно да прегрнат некој друг, а и избегнуваат телесни контакти. Научени се да не пуштаат никого во своја близина, за да не бидат повредени.
Сомнежи
Овие луѓе, исто така, не можат во ништо безрезервно да веруваат, вклучувајќи се и себе во тоа. Ова е последица на многубројните критики и недобивањето пофалби за нештата кои ги направиле во детството. Затоа и не можат да одредат што е исправно, а што не во одредени ситуации.
Претерана самокритичност
Оние кои немале доволно љубов и емоционална поврзаност во животот, многу тешко може да изградат самодоверба. Ако биле искористувани и критикувани, без доволно да им се вреднува трудот, тогаш во овие деца постои оној „црв“ на намалена самодоверба и чувство дека ништо што прават не е доволно добро.
Е. Д. | Црнобело