„Дечко ти е супер“ и уште 4 бели лаги кои сигурно сте ги кажале
Не е тајна дека луѓето лажат кога сакаат да им се допаднат на другите. Лажеме кога сакаме да се истакнеме, а можеби и лагата е нешто без кое човекот не знае да функционира.
Не постои некој кој не лаже барем еднаш дневно, особено кога се работи за бела лага (секоја чест на исклучоците).
А такви има многу, па еве ги најчестите:
„Дечко ти е супер“
Не, ни приближно не е супер. Флертува со непознати во секој слободен момент. Но, немате храброст да и го кажете тоа на пријателката - не сакате да предизвикате конфликт. Експертите ќе речат дека тоа е кукавичлук, затоа што кога сте пријател со некого треба да бидете искрени.
Ова и не е така бела лага, бидејќи ако продолжите да ја кажувате, вашата пријателка може да заврши во брак со човек кој не ја почитува.
„Многу ми се допаѓа како ме потшиша“
Многу од нас имаат проблем со искреноста кон фризери, козметичари, келнери, односно тогаш кога плаќаме за услуга што воопшто не ни се допаднала. Всушност, постои едно интересно откритие дека луѓето кои вечерале во ресторан и воопшто не им се допаднало јадењето оставиле поголем бакшиш од другите.
Одговорот на прашањето зошто е едноставно - се вика когнитивна дисонанца и е појава кога нашите дејствија не се совпаѓаат со нашите верувања. Луѓето се справуваат со оваа појава со прекумерно компензирање, во случајов оставаат поголем бакшиш за да ја прикријат лагата што ја кажале.
„Добро сум“
Не, не си. Ти се случува хаос и не сакаш да ги оптоваруваш пријателите со своите проблеми. И можеби си во право. Ако го прашаш Фројд ќе ти каже дека се обидуваш да ги избегнеш разговорите што ти создаваат анксиозно чувство.
Тоа е разбирливо, тоа е одбранбен механизам. Одбранбен, но непрактичен. Клучот е во тоа да се размисли дали се претерува во размислувањата и се преувеличува реакцијата.
„Сум имал/а (број) сексуални партнери“
Слободно, ставете бројка - докажано е дека било да сте маж или жена, нема да ја кажете вистината. Според едно истражување, жените „пријавуваат“ 8 сексуални партнери, додека мажите заокружуваат на 30.
„Немам прашања“
Сигурно имате, и тоа не е едно. Но, никому не му е згодно да постави едно исто прашање по 13-ти пат. Вистината е дека доколку имате прашања, имате и задолжените да најдете одговор ако од тоа зависи како ќе ја завршите работата.
Не потпирајте се на знаењето што во моментот го имате, туку прашајте со тврдење дека сакате да сте сигурни дека сте на вистинскиот пат кон остварување на задачата.
А. Ш. | Црнобело