Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Цикада 3301 - најголемиот заговор или најголема измама на интернет?

Цикада 3301 е една од најголемите мистерии на нашето време. Mодерна потрага по Светиот Грал. Многумина имаат слушнато за нив, а знаеме дека со загатки и кодирани пораки ги регрутираат своите членови. Зошто? 

Cikada 3301najgolemiot zagovor ili najgolemata izmama na Internet 01

Многу теоретичари на заговор тешко се справуваат со ова прашање. Дали Цикада 3301 е трик за вработување од страна на некоја тајна служба или пак детска шега?

Оваа мистериозна интернет организација во ниту еден момент нема објавено со што се занимава и зошто има потреба да регрутира луѓе. Што се крие зад името Цикада 3301?

Приказната на Цикада 3301 започнува на 04.01.2012 година со необична порака придружена со слика во која пишувало: „Здраво. Бараме многу интелигентни личности. За да ги пронајдеме создадовме тест. Во оваа слика постои скриена порака. Кога ќе ја најдете, таа ќе ве однесе на патот кон нас. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со луѓето кои ќе успеат да стигнат до крајот. Со среќа. 3301.“

Ова беше само прва загатка во серија тестови кои ги привлекоа најдобрите интернет дешифрири, како и сите љубоптни луѓе.

По решавањето на оваа дигитална стеганографска загатка со помош на т.н „Цезаров код", се добиваше веб-адреса на која стоеше слика од патка со порака: „Упс! Само мамки на овој пат. Изгледа дека не знаеш како да ја добиеш пораката."

Cikada 3301najgolemiot zagovor ili najgolemata izmama na Internet 03

Во овој момент на многумина им стана јасно дека ова е малку покомплицирана мистерија, по што започна обидот да се открие најголемата тајна на интернетот. Кој се крие зад Цикада 3301?

Следниот траг беше пронајден на еден од форумите на популарната страница „Reddit“, а се состоеше од серија реченици со чудни симболи, кои се покажаа како Мајанско писмо. Во тоа време почнаа да се појавуваат симболи на штурци, чиј животен циклус трае од 13 до 17 години.

Штурците наскоро станаа симбол на оваа мистерија, а со нив се појавува и името, Цикада.

Играта продолжи проследена со загатки со ранохристијански ракописи, старо-бретонска поезија, сајбер-панк приказни, хексадецимални карактери и сл. Наскоро е откриен и телефонски број од Тексас чија автоматска секретарка обезбеди бројни нови броеви и 14 GPS-локации ширум светот, од Сиднеј до Варшава и Калифорнија.

Cikada 3301najgolemiot zagovor ili najgolemata izmama na Internet 02

Неколку среќни луѓе успеале да ја пронајдат бараната адреса, но наместо награда ги пречека уште една порака: „Ги сакаме само најдобрите, а не следбениците".

04.01.2013 година се појавува друга слика со порака: „Здраво уште еднаш. Нашата потрага по интелигентните поединци продолжува."

Потоа се појавуваат нови загатки во облик на поезија, нејасни и окултни списи, аудио снимки, антички хебрејски кодови и англосаксонски руни.

Потоа крај. Никој немаше идеја што се случи. Се мислеше дека се работи за форма на генијален маркетинг за нов филм, автомобил или банка. Некои луѓе тврделе дека се работи за таен натпревар и регрутирање спроведено од страна на ЦИА, НСА или други тајни агенции.

Постои дури и признание на еден од „поранешните членови на Цикада 3301“, кој тврди дека се работи за левичарска верска секта подготвена за трансформација на општеството.

Мистеријата на Цикада 3301 сé уште не е решена.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg