Кои се Масоните и дали навистина доминираат со светот?
Кои се Масоните? Ова прашање со векови го привлекуваше вниманието на луѓето, создавајќи различни про-масонски и анти-масонски теории за нив.
Според строга дефиниција, масоните се мистично строго хиерархиско движење кое се појавува во услови на либералното просветителството, а се базира на традицијата на ѕидарските и градежните занаети. Масоните се исклучиво машко друштво основано на „најчистите принципи на побожност и доблест“.
Тие, исто така, претставуваат и најголемо меѓународно тајно друштво во светот, кое брои околу 6 милиони членови. За нивните идеали и цели зборува и фактот што меѓу најпознатите членови спаѓаат Бенџамин Френклин, Винстон Черчил, Хари Труман, Монтескје, Волтер, Гете...
Во минатото Масоните биле алатка преку која можело да се успее во светот на финансиите или судството. Во средниот век квалификуваните занаетчии и градители патувале низ цела Европа, работејќи на многу големи проекти. Нивните здруженија се почетоците на масонството. Со текот на времето, масонството престана да биде само здружение на градители.
Со додавање на симболи и мистични идеи, позајмени од древниот Египет, движењето стана тајно друштво.
Во средниот век сите занаети имале свои тајни еснафи и лозинки за да им помогнат на своите членови да ја зачуваат работата. Една таква група занаетчии биле и слободните ѕидари, кои патувале низ светот помагајќи да се изградат катедрали и цркви. Во близина на објектите кои ги граделе подигнувале и ложи, каде што го поминале слободното време заедно.
Со текот на времето добиваат нови членови, со цел да го зголемат бројот на нивните здруженија. Во 1717 година во Англија е основана прва голема масонска ложа, додека во 1725 година, група англиски благородници кои живееле во Париз, отвораат ложа и во Париз. Наскоро масонеријата почна да се шири низ цела Европа.
Еден важен член на Масоните бил и грофот Каглиостро кој тврдел дека може да направи злато, дека може да лекува и дека може да ја зајакне сексуалната моќ.
Масон можел да стане секој возрасен маж кој верува во постоењето на врховното суштество и бесмртноста на душата. И секако, кој можел да плати членарина. Самата личност не може да бара да стане член. На идниот кандидат му се укажува дека би можел да биде примен во друштвото, доколку сака. Иницирање или влез во друштвото е драматичен и полн со симболика.
Слободните ѕидари се соочувале со многу противници и многу членови биле затворени. Во 1737 година, кралот на Франција, Луј XV, издава забрана за членување во ова друштво, додека папата Климент XII им забранува на сите католици да се приклучат на масонеријата.
Оттогаш, слободните ѕидари биле осомничени за Француската револуција, Првата светска војна, инфлацијата во Германија во 1924 година и граѓанската војна во Шпанија.
Во САД нивниот број бил најголем за времето на Џон Фицџералд Кенеди, додека Советскиот Сојуз, како и сите социјалистички држави, ја забранувале нивната работа.
Никогаш не се сфатило која е вистинската цел на братството, колку се „добри или лоши“. Во САД, бројот на Масоните е преполовен во споредба со шеесеттите, а членовите се главно стари, пензионирани граѓани. Пензиониран не значи и неактивен, се разбира, но тешко може да се докаже дека доминираат со светот.
Ашера | Црнобело