Што се мантри и како да ги користите во медитација?

Кога ќе го слушнете зборот „мантра“, веројатно веднаш помислувате на луѓе облечени во портокалови наметки, кои свираат на големите плоштади. Но, како што можете да претпоставите, мантрите се многу повеќе од тоа.

sto-se-mantri-i-kako-da-gi-koristite-vo-meditacija-01.jpg

Според дефиниција мантра е магична формула втемелена врз верувањето во натприродна моќ. Мантрите предизвикуваат внатрешни вибрации, кои помагаат при концентрација. Исто така, се работи за мистични индиски, свети списи со скриени значења преку кои духовните гуруа ги учат своите ученици.

Мантрата е алатка која луѓето ја користат кога бараат контрола над својот ум и менталната состојба. Се верува дека мантрата, кога ја изведува духовен учител, има неограничена моќ.

Психолошки гледано, мантрите се зборови кои имаат скриена порака, кои, доколку се повторуваат доволно долго, можат да влијаат на нашата свест и потсвест.

Постојат 9 правила за употреба на мантрата:

1. Прво е важно да се пронајде соодветен простор за медитација каде што практичарот нема да биде вознемирен од надворешниот свет. Додека медитира треба да седи на исто место во собата. Ова му овозможува полесна релаксација и подобра концентрација.

2. Добро е медитацијата да се прави во исто време секој пат. Во Индија сметаат дека најдобро време за медитација е пред излезот на сонцето. Во Европа најчесто медитацијата се практикува наутро.

3. Позицијата на телото, за време на медитација, треба да биде правилна (’рбетот не треба да биде искривен). Вообичаената поза за медитација е седечка позиција со прекрстени нозе.

4. Лицето кое медитира треба да биде свртено кон истокот или северот.

5. Идеална подлога за медитација е бела простирка под која се наоѓа еленска кожа.

sto-se-mantri-i-kako-da-gi-koristite-vo-meditacija-02.jpg

6. Мантрата треба да биде правилно избрана, а во тоа може да ви помогне познавачот на мантрите.

7. Практичарот треба да биде целосно концентриран за време на медитацијата. На почетокот на вежбите ова тешко се постигнува, бидејќи секојдневните мисли ни се длабоко вградени во потсвеста. Нашиот ум постојано ги апсорбира мислите кои не се поврзани со мантрата. Но овој проблем исчезнува со времето.

8. Личниот живот на практичарот треба да биде хармоничен со неговите цели.

9. Последното правило го обврзува практичарот да медитира најмалку 20 минути дневно, бидејќи ова е најкраткото време потребно за да се поттикнат психолошките процеси, кои можат да ја предизвикаат примарната промена кон која стремиме. Понатаму, практикувачот може да го зголеми траењето на медитацијата до 40 минути или 1 час и 20 минути.

За луѓето кои немаат стручен надзор од искусен практикувач не се препорачува да медитираат повеќе од еден час. Индиските гуруа препорачуваат секоја мантра да се повторува најмалку 108 пати, бидејќи бројот 108 кај хиндуистите има свето значење.

Ашера | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg