7 знаци дека сте непривлечни и не сте омилени во друштвото
Што значи да се биде (не)привлечен? Можеби сте им непривлечни на луѓето, а не го ни знаете тоа? Тука не зборуваме за физичката привлечност или говорот на телото, туку за начинот на кој ги привлекувате луѓето околу себе.
Доколку се препознаете во овие примери, можеби и не сте им толку привлечни на луѓето, доколку генерализираме:
- Јас, јас и само јас. Ова се разговори кои ги започнувате и завршувате со зборот „јас“. Не слушате, туку чекате да ја кажете „вистинската“ работа, се разбира, за себе и вашите „вистински“ ставови.
- Сакате да импресионирате со надворешниот изглед. Со облеката се обидувате да ги „маскирате" вашите внатрешни недостатоци.
- Морате да се натпреварувате. Секогаш сакате да бидете подобри, побрзи, посилни. Ова е класичен показател на недостаток на вистинска самодоверба и сочувство.
- Мислите дека сте најважни. Доколку вашите пријатели не ве поканат на кафе секој пат кога ќе излезат, се чувствувате повредено. Мислите дека не сте им доволно важни, бидејќи светот се врти околу вас.
- Грубост, избрзани реакции, несоодветни шеги. Бидете спротивно на тоа, бидете благи, промислени, дискретни и љубезни, бидејќи првото никого не привлекува.
- Ако ви побараат помош вие сте секогаш зафатени и уморни, додека очекувате иста помош од другите. Да се биде од помош е една од најважните особини во дефинирањето на квалитетот на пријателот.
- Негативни ставови, цинизам и иронија. Секако, повремена иронија и цинизам не штетат, но постојаното нагласување на недостатоците, а не доблестите често ги одбива луѓето.
Ашера | Црнобело