4 едноставни начини како да бидете подобар пријател

Кога е пријателството во прашање, секогаш има време и простор за тоа да се подобри, иако многу ги земаат ваквите односи здраво за готово.

4-ednostavni-nachini-kako-da-bidete-podobar-prijatel-01.jpg

Но, животот се менува, па така и околностите. Сигурно можете да се сетите на личности кои некогаш ви биле блиски, но денеска тоа не е случај. Тоа се случило затоа што и вие и тие, всушност, сте биле лоши пријатели.

Разочарувањата ќе постојат, а во текот на животот кругот на пријатели значајно ќе се стесни. Токму затоа и треба да се потрудите на овие луѓе кои се покрај вас, да им бидете најдобри пријатели што можете.

Затоа, применувајте ги овие четири едноставни начини и ќе го постигнете тоа:

Бидете тука

Вашиот пријател е во некаква неволја? Дајте им до знаење дека сте тука за нив и физички и морално. Навистина сте им потребни и треба да дадете сè од себе за да ги орасположите. Никогаш не дозволувајте луѓето кои ги сметате за блиски да се почувствуваат запоставено од ваша страна.

4-ednostavni-nachini-kako-da-bidete-podobar-prijatel-02.jpg

Изразете благодарност

Она што вие го правите за нив, го прават и тие за вас. Понекогаш потрудете се повеќе да им дадете до знаење дека сте им благодарни за тоа и не очекувајте да возвратат со иста мера. Можете да кажете со зборови, па дури и со некој значаен подарок. Особено значи кога ќе оддадете признание на целокупниот однос.

Одржувајте здрав баланс

За односот да не стане токсичен, тогаш треба да се балансира. Поставете граници до каде може да се оди, исто како што имате и за секој друг однос. Пријателство кое ве исцрпува не е реално пријателство.

4-ednostavni-nachini-kako-da-bidete-podobar-prijatel-03.jpg

Не им судете

Дајте го своето мислење, но внимавајте тоа да не премине во судење. Наместо тоа, покажете повеќе емпатија и обидете се заедно со нив да ги најдете корените на проблемите, а со тоа и да стигнете до решение, или пак макар и мала утеха.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg