7 маки кои ги имаат само интелигентните луѓе

Сите имаат преголеми очекувања од нив, па имаат паничен страв од неуспех. Анализираат, анализираат, анализираат... до бескрај.

7-maki-koi-gi-imaat-samo-inteligentnite-lugje-01.jpg

Да се биде паметен човек има многу предности, но не е секогаш лесно.

Интелигентните луѓе често имаат внатрешни битки и проблеми со кои не можат да излезат на крај.

Маките на интелигентните луѓе:

1. Под притисок се да постигнат успех во животот затоа што на училиште покажале завидни резултати и сега сите од нивната околина имаат преголеми очекувања од нив, па кај нив се јавува паничен страв од неуспех.

2. Имаат тешкотии во пронаоѓањето на пријатели затоа што бараат некој кој е на исто интелектуално ниво со нив, а тоа не се пронаоѓа лесно, па се осамени и изолирани.

7-maki-koi-gi-imaat-samo-inteligentnite-lugje-02.jpg

3. Перфекционисти се, претерано ги анализираат работите и секогаш пронаоѓаат некој проблем. Поради тоа чувствуваат дека сè што прават не е доволно добро, па работат премногу и се несреќни.

4. Се парализираат од претерана анализа и тешко носат одлуки. Светот е комплексен, а нивната потрага по најдоброто можно решение не е така едноставна, па често завршуваат исфрустрирани.

7-maki-koi-gi-imaat-samo-inteligentnite-lugje-03.jpg

5. Тешко им е да одржат љубовна врска затоа што премногу детално гледаат на работите, секогаш лоцираат некој проблем и поради тоа стануваат негативни. Понекогаш дури и веруваат дека има само еден правилен начин за да се направат работите, па тоа носи конфликти и им ги уништува врските.

6. Тешко им е да бидат среќни поради тоа што често сакаат „безбедно“ да го минуваат времето и да не влегуваат во нови авантури, а луѓето се социјални суштества и потребни им се релации со другите луѓе и нови активности за да им се поттикнат позитивни емоции.

7-maki-koi-gi-imaat-samo-inteligentnite-lugje-04.jpg

7. Сите ги забележуваат грешките на интелигентните луѓе, дури и кога се најмали, и едвај чекаат да удрат со критики по нив, затоа што тоа им е ретка можност. Обично се чувствуваат на пониско ниво од нив, па ова им е шанса за одмазда.

Прочитајте и Илустрации: 10 причини кои ги спречуваат интелигентите луѓе да уживаат во животот!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg