Што сакаме повеќе од секс?
Иако малку од вас веруваат во тоа, разни истражувања покажале дека и мажите и жените понекогаш попрво би правеле други работи отколку да се тркалаат...
...низ креветот. Кога се зборува за сексот, некако е врежано мислењето дека тоа е број 1 на листата на работи кои најрадо би ги правеле со партнерот. Но, се лажете.
Ова се 10 хобија кои често може да го заземат местото на сексот:
1. 30% од жените попрво би го чистеле домот отколку да имаат жежок секс.
2. На жените им е позабавно слабеењето од сексот. 26% попрво би се посветиле на вежбање и слабеење отколку да губат време на секс.
3. На младите подрага им е музиката од сексот. 60% од нив повеќе ужива во слушање на омилената музика отколку во сексот.
4. Жените се почесто се решаваат на вештачко оплодување отколку по природен пат.
5. На мажите навивањето им е подобро од сексот. Навивање за омилениот фудбалски тим. Сите натпревари во текот на викендот.
6. Спиењето е поважно од сексот. 79% од мажите би се одлучиле за добар сон пред добар секс.
7. Храна. Уживање во добра храна на многумина им пружа поголемо задоволство од сексот. Ова е посебно карактеристичен случај за гурманите.
8. Жените би го одбрале мобилниот пред сексот. Попрво би се откажале од секс на месец дена, отколку без мобилен месец дена.
9. Гледање на омилените серии. Многумина би ја поминале вечерта пред малите екрани гледајќи ја омилената серија отколку во кревет со партнерот.
10. Интернет. Кога би морале да бираат меѓу сексуални активности и интернет, 46% од жените и 30% од мажите би го одбрале второто.
Има ли вистина?