5 крајно непотребни органи
Веруваме дека се во свое време си имало смисла. Денес, сепак, е малку поинаку. Иако имаме цела чета корисни органи, имаме и куп органи кои не...
...служат баш за ништо (барем на прв поглед).
Освен што повремено ни прават проблеми, целта за нивното постоење, на обичните луѓе баш и не им е јасна.
1. Машките брадавици – има некој идеја зошто и мажите мора да имаат брадавици?
2. Умниците – Кога тогаш сите ќе завршиме на орална хирургија заради осмиците. Нема утка. Крајно непотребни заби кои единствено што знаат е да создаваат болка и мака.
3. Слепо црево – единствено нешто кое е интересно за слепото црево е дека кога ќе ви го извадат може да пронајдат остатоци од храна која сте ја јаделе години наназад. Се останато е навистина болно, а често и опасно.
4. Крајници. Сакаат да отекуваат и да се инфицираат, односно, генерално, да прават проблеми кај што ги нема. Голем број од луѓето ги вадат додека се мали, а ако имаш преку 25 и се уште ги шеташ крајниците, си постигнал успех на подрачјето на издржливоста.
5. Синуси. Единствено што се знае е дека докторите може да ви пикнат 2 метри вата нагоре низ нив. Болки, главоболки – крајно непотребни!