Интернетот, Тик Так бонбоните, стапнувањето на месечината и Монти Пајтон – кој и што друго ќе наполнат 50 години во 2019?
Годините поминуваат без да забележиме, а многу од работите и личностите кои ни се прилично омилени оваа година полнат 50 години. Половина век, звучи малку страшно, зарем не? Кој и што ќе наполни 50 години во 2019 година?
Дали почнавте да се чувствувате старо?
Конкорд
Најбрзиот патнички авион за прв пат полетал на 2 март 1969 година.
Питер Динклиџ
Омилениот Ланистер ќе наполни 50 години на 11 јуни.
Првиот банкомат
На 2 септември, во Роквел центарот во Њујорк, била изградена првата „автоматска благајна“.
„Одмаздата е оброк, којшто најдобро се служи ладен.“
Книгата „Кум“ на Марио Пузо за прв пат била објавена пред 50 години на 10 март.
Буч Касиди и Санденс Кид
Филмот по којшто Санденс фестивалот го има добиено своето име никогаш нема да остари, иако ќе наполни 50 години.
Лед Цепелин
Легендарниот рок бенд го издаде својот прв истоименуван албум, пред 50 години.