11 работи кои ви се потребни за да бидете среќна личност

Што значи да се биде апсолутно среќен? Многу филозофи, социолози, психолози и спиритуалисти се обидоа да го дадат одговорот на ова вечно прашање... но сите нивни напори беа неуспешни. 

Naucnicite ja otkrivaat formulatakako da bidete sekogas srekni 01

Некои тврдат дека среќата е здравјето, додека другите сметаат дека парите ја имаат клучната улога.

Доколку им веруваме на научниците, чувството на задоволство во животот не се базира на надворешните материјални добра, туку на внатрешната хармонија. Тие тврдат дека за да бидеме целосно среќни, без оглед на проблемите и нивниот исход, треба да ги имаме овие 11 карактеристики.

1. Оптимизам

Луѓето кои доживеале нешто лошо во животот гледаат попозитивно на него од оние кои добиле голема сума на пари на пример. Несреќата им дава на луѓето поинаква перспектива, тие сфаќаат дека секојдневните работи се навистина сосема тривијални.

2. Љубов

Еден од условите за среќата е чувство на сакање, без разлика дали се работи за романтична или родителска љубов. Љубовта ни дава чувство на сигурност и припаѓање, што влијае на целокупното задоволство во животот.

3. Храброст

Да бидеме храбри е да дејствуваме во согласност со нашите сопствени верувања. Кога постапуваме правилно се јавува чувство на гордост, што води кон чувство на лично задоволство.

4. Проактивност

Проактивност значи преземање на иницијатива, но не само тоа, туку и преземање на одговорност за сопствениот живот. Ние се однесуваме како што сакаме, тоа е нашата одлука.

Naucnicite ja otkrivaat formulatakako da bidete sekogas srekni 02

5. Безбедност

Безбедноста значи дека сте задоволни од вашиот сегашен живот и од она што сте.

6. Чувство на избор

Научниците забележаа дека луѓето кои ги носат одлуките, без туѓите влијаниа, имаат можност да бидат трипати позадоволни од луѓето кои живеат според нечија директива.

7. Добро здравје

Старата латинска поговорка објаснува сè, „mens sana in corpore sano“, во здраво тело, здрав дух.

8. Духовност

Научните истражувања покажаа дека религијата може позитивно да влијае врз здравјето на луѓето.

Naucnicite ja otkrivaat formulatakako da bidete sekogas srekni 03

9. Алтруизам

Луѓето кои даваат, без да бараат нешто за возврат, чувствуваат исполнетост, на тој начин добиваат чувство дека нивниот живот има смисла. Позитивното влијание врз животот на другите создава чувство на гордост и задоволство.

10. Хумор

Самото смеење позитивно влијае врз нас. Мозокот го лачи допаминот и серононинот, односно хормоните на среќата, секојпат кога искрено ќе се насмееме.

 11. Цел

Да се има причина секој ден да се стане од креветот е најголемиот извор на среќата. Целите ни даваат чувство дека правиме нешто добро и квалитетно во нашиот живот. Важно е да ги правите работите кои ве исполнуваат, тоа секогаш ќе ви даде чувство на задоволство и среќа.

Naucnicite ja otkrivaat formulatakako da bidete sekogas srekni 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg