Никогаш не е доцна: Искуства на жени кои „го започнале животот одново“ во доцните 20-ти

Поблиску сте до 30-тата, а уште мислите дека животот не ви е среден онака како што сте замислувале? Не се плашете, бидејќи не сте единствени кои поминуваат низ тоа.

najdobrite-soveti-od-zheni-koi-pochnale-odnovo-vo-svoite-docni-20-ti-02.jpg

Можеби ве загрижува што не оди се по планот кој го имавте одамна, но верувајте дека многу жени почнале да внесуваат промени и да почнат од нула во своите доцни 20-ти.

Ова се нивните совети, кои несебично ги споделија на Редит:

„Раскинав со момчето со кое бев 6 години и сфатив дека всушност речиси и да немам пријатели. Првото нешто што морав да го признаам пред себе е дека сум возрасна жена која не може да се остави без пријател. Затоа почнав да се запишувам на курсеви, отворив блог, присуствував на настани во соседството... Не оди како што планирам, но е доста подобро.“

„Почнав буквално од нула. Најдов нова работа, запознав пријатели, започнав нови хобија... Шест месеци подоцна, конечно се чувствувам како да сум таму каде треба да бидам.“

„Се селев многу, но секогаш беше промена на град или соседство. Овојпат се преселив на 1.200 километри од дома поради љубов и тоа значеше почнување на животот одново. Уште ги ценам своите стари пријатели, но секогаш ќе бидам тука за новите, кои се од овој град.“

„Кога си во доцните 20-ти, ти се чини како сите околу тебе веќе да го заземале својот животен правец. Ја сакаш вистината? Не е така! Никој од нас не е сигурен дали е на правиот пат, па затоа биди љубезна со себе. Прави ги нештата што те усреќуваат, не губи време на она што прави да се чувствуваш лошо.“

najdobrite-soveti-od-zheni-koi-pochnale-odnovo-vo-svoite-docni-20-ti-03.jpg

„Продолжи да чекориш, па ако треба и нога-за-нога. Биди фина со себе, бидејќи другите нема да бидат.“

„Во своите 20-ти, секогаш избери го искуството над сè друго. Собирај искуства правејќи го она што го сакаш, не останувај предолго во работа која ја мразиш и не се задоволувај со безбедната просечност. Само така ќе можеш да се научиш себе, да се сакаш и да се однесуваш здраво и пристојно кон своето тело.“

najdobrite-soveti-od-zheni-koi-pochnale-odnovo-vo-svoite-docni-20-ti-04.jpg

„За секое нешто за кое мислев дека е најлошото што ми се случило, излезе дека всушност е само дел од една долга животна лекција со добар епилог. Така беше и за промената, која мораше да се случи. Десет години подоцна, не би променила ништо.“

„Поголемиот дел од своите 20-ти го поминав со анксиозност и депресија, па сега, на 27 години, решив дека е време да почнам одново. Не можам да не мислам на времето кое го потрошив и знам дека можеше да биде поинаку. Барам нова работа, но не е лесно да се живее со грешките од минатото. Си велам дека ако сега не почнам, тогаш ќе имам уште толку нешта да се каам поради нив што не сум ги направила порано.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg