Зошто имаме кошмари?
Научниците се занимавале со оваа тема, за да ги откријат причините зошто имаме кошмари, а ова се некои од причините.
Што се кошмари?
Кошмарите се реални соништа кои, поради нивната вознемирувачка содржина, не будат од длабок сон. Овие непријатни соништа предизвикуваат силни негативни емоции во мозокот, како што се страв, ужас, очај, анксиозност и тага.
Кошмарите најчесто се појавуваат во РЕМ фазата на спиењето. Токму поради оваа фаза во која сонуваме, кошмарите најчесто ги сонуваме наутро, пред да се разбудиме.
Кошмарите укажуваат на потребата да се справиме со нешто што ни предизвикува страв. Ако имате ужасен кошмар и се обидувате да го заборавите веднаш штом ќе се разбудите постои голема можност истиот да се повтори.
Кошмарите најчесто произлегуваат од настаните од минатото, а постојат за да нѐ потресат, да не натераат да се соочиме со стравот во неговиот корен.
Што предизвикува кошмари?
Кошмарите често се спонтани, но можат да бидат предизвикани од различни фактори. Постојат многу физички, како и психолошки фактори, кои водат до нивното создавање.
Најмоќниот од сите е стресот, кој подеднакво ни штети физички и ментално. Чувство на неуспех, бегање, како и сонови во кои сте заробени, често се толкуваат како кошмари предизвикани од стрес.
Спиење во мали и темни места може да предизвика да сонувате дека се давите или задушувате. Ако сте доживеале трауматично искуство, кое сте го заборавиле во текот на денот, и тоа може да биде дел од вашите соништа.
Кошмарите често се појавуваат и поради доцните оброци. Како што се зголемува метаболизмот, така се зголемува и активноста на мозокот.
Лекови, како што се антидепресиви, често се поврзуваат со кошмари. Некои лекови за крвен притисок, исто така, ги зголемуваат шансите за доживување на кошмар.
Една од причините е и недостаток на сон, анксиозност и депресија, како и пост-трауматски стрес, кој обично предизвикува хронични кошмари.
Некои истражувања покажуваат дека кофеинот може да биде една од причините за кошмарите, како и алкохолот.
И конечно, хорор филмови и страшни приказни од книги се честа и очигледна причина за кошмари.
Ашера | Црнобело